Бизнис: Српскиот ЈАТ се движи кон приватизација

01/08/2008

Српското државно авиопретпријатие официјално се приватизира. Исто така во вестите: италијанското претпријатие за електрична енергија „Енел“ ги проширува своите активности во Грција и Истанбул се рангираше на 23-тото место на истражувањето на Мерцер за Животни трошоци во светот за 2008 година.
photo

[Архива]

Српската агенција за приватизација во вторникот (29-ти јули) ја започна приватизацијата на ЈАТ, државното авиопретпријатие. Владата има намера да го продаде 71 отсто од претпријатието. ЈАТ пријави приходи од 162 милиони евра во 2007 година и заостанат долг од 247 милиони евра. Владата се надева дека ќе ја заврши приватизацијата на ЈАТ до крајот на годинава.

***

Maкедонијa треба да посвети посебно внимание на мерките кои ќе й овозможат да го намали трговскиот дефицит, се согласија претседателот Бранко Црвенковски и шефот на мисијата на ММФ во Македонија, Марк Грифит, на состанокот во понеделникот (28-ми јули). Тие, исто така, истакнаа дека земјата треба да спроведе мерки за подобра контрола на инфлацијата и реформи потребни за европската интеграција.

***

Италијанското претпријатие за електрична енергија „Енел“ ги проширува своите активности во грчкиот сектор на обновлива енергија. Во понеделникот (28-ми јули) претпријатието потпиша договор за купување 30 отсто од акциите во серија проекти за енергијата на ветарот со капацитет до 1.400 мегавати. Договорот, исто така, предвидува опција за учество во развојот на дополнителни 180 мегавати во Бугарија, се вели во соопштението на претпријатието.

***

Истанбул се рангираше на 23-тото место во истражувањето на Мерцер за Животни трошоци во светот за 2008 година. Москва останува најскап град во светот. На листата од 2007 година Истанбул беше на 38-мото место. Истражувањето на Мерцер покрива 143 градови низ шест континенти и ги мери компаративните цени на преку 200 предмети во секое место, вклучително и станбениот простор, транспортот, храната, облеката, производите за домаќинство и забавата.

***

Tурската влада планира да ги приватизира државните банки до ноември 2010 година, објави во неделата (27-ми јули) вицепремиерот Назим Екрен. Следната банка во редицата за приватизација е „Зираат банкаси“, рече Екрен. Во мај 2007 година турскиот одбор за приватизација ја одобри продажбата на 25 отсто од акциите на „Халк банкаси“, седмата по големина банка во земјата.

***

Новата косовска aгенција ќе го контролира квалитетот на локалните производи. Советот за акредитација беше формирам во средата (30-ти јули) од Министерството за трговија и индустрија. Министерството вети дека ќе го зголеми квалитетот на локалните производи врз основа на три главни столба -- акредитацијата, метрологијата и стандардизацијата.

***

Меѓународниот аеродром во Tиранa ја започна втората фаза од своето проширување и модернизирање. Инвестицијата од 20 милиони евра се очекува двојно да го зголеми сегашниот патнички капацитет од 1,5 милиони во 2009 година.

(Разни извори – 25/07/08-01/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading