Наука и технологија: Експертите работат на првата листа на турското астрономско наследство

21/07/2008

Турските академици ја составуваат првата листа на астрономското наследство на нивната земја. Исто така во вестите: хакери нападнаа голем број црногорски веб-страници и германските експерти откопаа хиподром во Грција.
photo

Првото предвидено замрачување на сонцето е видено во Птара, Турција. [Getty Images]

Научниците од Универзитетот Канаккале Онсекиз Март во Tурција работат на првата листа на астрономското наследство на нивната земја, објави Турската државна комисија за УНЕСКО. Турската листа на културни локалитети поврзани со астрономијата е дел од иницијативата на ОН за прогласување на 2009 година за Меѓународна година на астрономијата. Листата, најверојатно, ќе го вклучува античкиот град Птара, каде што астрономите го набљудувале првото точно предвидено замрачување на сонцето во 585 година п.н.е. Другите локалитети се: обелискот што датира од 9000 година п.н.е. и набљудувачката кула која служела како астрономски и научен центар во старите времиња.

***

Хакерите ги нападнаа веб-страниците на црногорскиот весник Вијести и голем број помали претпријатија во средата (16-ти јули), еден ден по два слични вакви напади на интернет-страницата на националниот авиопревозник Монтенегро ерлајнс. Хакерите чија цел беше Вијести се нарекоа себеси „група косовски хакери“. Властите веруваат дека нивната цел била да привлечат внимание.

***

Микробиолозите од грчкото Министерство за земјоделство спроведуваат епидемиолошко истражување за откривање на евентуалното присуство на кримско-конгоанската хеморагична треска кај козите, овците и кравите во северниот дел од земјата. Тие го започнаа своето истражување по смртта на една жена која почина од каснување на крлеж во Комотини на 4-ти јули. Микробиолозите ќе проверат околу 840 грла добиток.

***

Тим германски археолози открија античка патека за трки на коњи, каде што императорот Нерон можеби се натпреварувал за олимписките ловорики пред околу 1.600 години. Научниците го открија хиподромот во Олимпија, Грција, користејќи геомагнетски и георадарски техники. Експертите велат дека местото би можело да стане спортска атракција слична на Олимпискиот стадион ископан пред околу 50 години.

***

Поврзани написи

Loading

Романските aрхеолози открија некропола со околу 350 гробници до вториот и третиот век од н.е. во близина на Јулија, Романија. Неодамнешното откритие можеби ќе даде драгоцен доказ за римското влијание во Дачија во првите векови по раѓањето на Исус Христос. Експертите го прогласија за најголемо археолошко откритие досега во областа Алба Јулија, велејќи дека истото го докажува постоењето на овој град од антички времиња.

***

Тим археолози во Босна и Херцеговинa откопа две антички словенски печки за топење железна руда. Тие дошле до откритието додека копале во археолошкиот локалитет Кичељ код Тузле. Печките можеби датираат од 8-миот и 9-тиот век од н.е.

(Разни извори – 14/07/08 - 21/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар