Бизнис: Грчката државна туристичка организација отвори канцеларија во Букурешт

18/07/2008

Грчката државна туристичка организација отвори канцеларија во Букурешт. Исто така во вестите оваа недела: хрватските СДИ се намалени за 50 отсто од истиот период минатата година и водечкиот провајдер на електрична енергија во Австрија и неговиот турски пандан ќе градат електроцентрали во Турција.
photo

Главната задача на канцеларијата на ГНТО ќе биде промовирање на посетите на Грција. [Getty Images]

Грчката државна туристичка организација (ГНТО) ја отвори својата прва канцеларија во Букурешт, објави во четвртокот (17-ти јули) грчкото Министерство за туризам. Главната задача на канцеларијата на ГНТО ќе биде промовирање на посетите на Грција и зголемување на интересот на романските туристи за земјата, соопшти министерството.

***

Платите во јавниот сектор на Босна и Херцеговина (БиХ) се релативно високи за регионот, поткопувајќи ја конкурентноста на приватниот сектор во земјата, рече во вторникот (15-ти јули) главниот економист на канцеларијата на Светската банка во Сараево. Тој рече дека овој фактор, од друга страна, влијае на извозот на БиХ и се одразува во повисок трговски дефицит.

***

Странските директни инвестиции (СДИ) во Хрватска изнесуваа 688 милиони евра во првото тримесечје од оваа година, што претставува намалување од 50 отсто од истиот период минатата година, објави во понеделникот (14-ти јули) Хрватската национална банка. Вкупните СДИ за цела 2008 година се очекува да достигнат 2,5 милијарди евра, во споредба со рекордните 3,9 милијарди евра регистрирани минатата година.

***

Германскиот производител на автомобили Реум и словенечкиот Грах, ги најавија плановите за изградба на фабрика во Јагодина, Србијa. Корпоративните и општинските власти потпишаа прелиминарен договор во вторникот (15-ти јули). Двете претпријатија имаат намера да инвестираат вкупно 10 милиони евра во капацитетот, кој ќе произведува делови за БМВ, „фолсваген“, „мерцедес“ и „ауди“.

***

Водечкиот снабдувач на електрична енергија во Австрија, Вербунд, и неговиот турски партнер, Сабанчи холдинг, планираат да ги прошират своите активности во Tурција со изградба на електроцентрали и купување далноводи. Заедничката иницијатива доби заем од 1 милијарда евра од Светската банка, Тркиш акбанк и германската банка ВестЛБ.

***

Романијa ќе додели државна помош во висина од 25 милиони евра за претпријатијата кои ќе инвестираат повеќе од 100 милиони евра и ќе создадат најмалку 500 работни места, велат извори од Министерството за финансии. Владата ќе обезбеди помош само ако продолжи инвестицијата во нејзиниот избран регион најмалку уште пет години по завршувањето на проектот.

(Разни извори – 11/07/08-18/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading