Култура и спорт: Црна Гора победи на Европското првенство во ватерполо

16/07/2008

Црна Гора ја победи Србија и й ја одзеде титулата европски првак во ватерполо. Исто така во вестите од културата оваа недела: Кипар освои три медали на првенството Европска ловџиска пушка, и во Македонија беше отворен фестивалот Охридско лето.
photo

Црногорскиот голман Милош Шчепановиќ во неделата (13-ти јули) ја прослави победата на својот тим над Србија во Малага, Шпанија. [Getty Images]

Црногорската репрезентација стана новиот европски ватерполо шампион откако ја порази Србија со 6:5 во финалето во Малага, Шпанија, во неделата (13-ти јули). Хрватскa го освои четвртото место, губејќи од бронзениот медалист Унгарија со 15:14.

***

Четириесет и осмото издание на фестивалот Охридско лето беше отворено во саботата (12-ти јули) со настапот на светски познатата сопранистка Џеси Норман. На церемонијата на отворање присуствуваа македонски официјални претставници и странски дипломати. Фестивалот се одржува секоја година под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски. Истиот завршува на 20-ти август. На овогодинешното издание на фестивалот ќе има околу 50 музички, театарски и уметнички изведби.

***

Кипарскиот женски стрелачки тим освои три медали -- една златна, една сребрена и една бронзена -- на првенството Европска ловџиска пушка, кое се одржа во Никозија од 5-ти јули до понеделникот (14-ти јули).

***

Хрватската женска и машка репрезентација станаа светски шампиони во ракомет на плажа во Кадиз, Шпанија. Женската репрезентација ја порази Шпанија во неделата (13-ти јули) со 2:1 во финалето. Машкиот тим го порази Бразил со 2:1.

***

Универзитетот Аристотел од Солун беше домаќин на 8-мото Светско првенство во универзитетско борење од 9-ти јули до неделата (13-ти јули). Околу 400 атлетичари од 35 земји учествуваа на настанот. Шампионатот се одржува на секои две години од 1968 година.

***

УНЕСКО во средата (9-ти јули) го додаде градот Берат во централна Aлбанијa на својата Листа на светското наследство. Берат, исто така, се нарекува „град на илјадници прозорци“, во чест на големиот број стари куќи што се издигаат над градот. Локалните власти се надеваат дека вклучувањето на Листата на светското наследство ќе го поттикне финансирањето на заштитата на стариот центар на Берат.

(Разни извори – 09/07/08-16/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading