Дипломатски дневник: ОН сакаат брзо решение за Кипар

15/07/2008

ОН сакаат брзо решение за повторно обединување на Кипар. Исто така во дипломатските вести оваа недела: Албанија ќе се приклучи на мировната мисија во Чад и српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, се состана со својот словачки колега, Јан Кубис.
photo

Францускиот претседател Николас Саркози (лево) го дочекува кипарскиот претседател Деметрис Христофиас по пристигнувањето на основачкиот самит на Унијата за Медитеранот во неделата (13-ти јули). [Getty Images]

Претседателот на кипарските Грци Деметрис Христофиас во неделата (13-ти јуни) присуствуваше на основачкиот самит на Унијата за Медитеранот во Париз, каде што се состана со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун. Бан го увери Христофиас во заинтересираноста на ОН за брзо решавање на кипарското прашање и двајцата се согласија за важноста на отпочнувањето директни разговори за повторното обединување помеѓу заедниците на кипарските Грци и кипарските Турци. Бан, исто така, во вторникот во Берлин се состана со водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, во обид да се зајакне процесот на повторно обединување пред состанокот на двајцата водачи на 25-ти јули.

***

Aлбанијa потпиша меморандум за приклучување на мировните операции на ЕУФОР во Чад. Договорот беше финализиран во неделата (13-ти јули) во Париз за време на состанокот помеѓу албанскиот премиер Сали Бериша и шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана. Албанија ќе испрати 62 мировници во Чад.

***

Кипарскиот министер за надворешни работи, Маркос Кипријану, во четвртокот (10-ти јули) во Солун се состана со префектот од Солун, Панајотис Псомијадес, како дел од тридневната посета на северна Грција. Кипријану и Панајотис разговараа за кипарското прашање и односите со Tурција.

***

Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, на 8-ми јули се состана со својот словачки колега во посета на земјата, Јан Кубис. Тие разговараа за билатералните врски, со особен фокус на економската соработка. Јеремиќ потпа отпатува за Црна Гора да се состаме со претседателот Филип Вујановиќ, премиерот Мило Ѓуканови, министерот за надворешни работи, Милан Рочен и претседателот на парламентот, Ранко Кривокапиќ.

***

Поврзани написи

Loading

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ), Свен Алкалај, на 8-ми јули објави дека БиХ има намера да отвори амбасади во шест земји, вклучително и Aлбанијa, за време на состанокот со претседателката на албанскиот парламент, Јозефина Топали. Алкалај рече дека БиХ прави сé што е во нејзина моќ да го либерализира својот визен режим за граѓаните на Албанија. Топали рече дека отворањето дипломатски претставништва во Сараево и Тирана е од најголема важност.

***

Бугарски и црногорски официјални претставници се состанаа минатата недела во Подгорица за билатерални политички консултации за безбедносните прашања. Водач на бугарската делегација беше директорот на НАТО и Меѓународниот директорат за безбедност, Петјо Петев, додека црногорската делегација ги вклучуваше заменик-министерката за надворешни работи, Драгана Радуловиќ, и заменик-министерката за економски развој, Нада Меденица. Консултациите беа во согласност со меморандумот за соработка од 2007 година помеѓу Бугарија и Црна Гора за евроатланската интеграција на Подгорица.

(Разни извори 08/07/08-15/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар