Наука и технологија: Охрид е домаќин на Меѓународниот летен универзитет

14/07/2008

Во Охрид беше отворен Меѓународниот летен универзитет. Исто така во вестите: српските археолози откопаа артефакти на локалитет во средновековен град и Музејот на град Букурешт беше домаќин на астрономската изложба.
photo

Во Охрид започна Меѓународниот летен универзитет. [Getty Images]

Во понеделникот (7-ми јули) во Oхрид беше отворен Меѓународниот летен универзитет, на кој ќе учествуваат околу 350 учесници од Македонија и од странство. Програмата на универзитетот нуди 12 курсеви по социјалните науки, кои ќе траат до недела (20-ти јули).

***

Тим српски aрхеолози предводен од Јованка Клајиќ откри два скелети во неделата (6-ти јули), кои треба да откријат нешто повеќе за српскиот средновековен главен град, Стари Рас, во близина на Нови Пазар. Скелетите се долги по 1,93 метри, односно луѓето биле високи повеќе од 2 метри. Копајќи повеќе од две децении, археолозите открија две цркви, една капела, една палата и други предмети што ја докажуваат локацијата на Стари Рас.

***

Институтот за технички науки при српската Aкадемија на науките и уметностите во вторникот (8-ми јули) го објави потпишувањето на договор за соработка во областа на културата, образованието и науката со Католичкиот универзитет на Бразилија.

***

Maкедонските aрхеолози открија статуа на Венера од третиот век во близина на античкиот град Скупи. Статуата е висока 170 сантиметри. Скопскиот музеј ќе ја изложи истата по реставрирањето.

***

Поврзани написи

Loading

Астрономската изложба насловена како „Универзум во градскиот центар“ беше отворена во понеделникот (7-ми јули) во градскиот музеј на Букурешт. Изложбата ги опфаќа клучните фази во развојот на астрономијата и дава приказ на соларниот систем, галаксиите и соѕвездијата, како и презентација на митологијата поврзана со најпознатите констелации.

***

Во септември грчкиот Фонд за здравствено осигурување ќе почне да нуди бесплатна вакцинација против цервичниот рак за девојчиња на возраст од 12 до 15 години, објави грчкото Министерство за здравство. Голем број земји сé уште не ја вовеле новооткриената вакцина.

(Разни извори – 07/07/08-14/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар