Култура и спорт: хрватското стариградско поле влезе во Листата на светското наследство

09/07/2008

Дел од хрватски остров е вклучен во Листата на светското наследство на УНЕСКО. Исто така во вестите: Григор Димитров од Бугарија победи на Вимблдон грен слем, и во Кипар е отворено првенството Европска ловџиска пушка.
photo

Стариградско поле. [AФП]

Стариградското поле на хрватскиот остров Хвар во понеделникот (7-ми јули) беше приклучено на Листата на светското наследство на УНЕСКО, заедно со уште пет други европски места. УНЕСКО го додаде островот на својата листа поради неговата античка историја -- истиот за прват е населен во 4-тиот век пред н.е. од јонските Грци. Населението сé уште одгледува маслинки и грозје, како сведоштво „на геометричкиот систем на земјишна поделба кои го користеле античките Грци“, вели УНЕСКО.

***

Бугаринот Григор Димитров во неделата (6-ти јуни) победи на првенството Вимблдон 2008 во категоријата синглови за момчиња. Димитров (17) стана првиот Бугарин кој постигнал ваква победа на шампионатот. Тој го порази Хенри Континен од Финска во финалето, победувајќи во два сета.

***

Првенството Европски ловџиски пушки беше отворено во Кипар во саботата (5-ти јули). Натпреварот ќе трае до понеделник (14-ти јули) на Олимпиското стрелиште во Никозија. Вкупно 400 атлетичари од 40 земји се натпреваруваат во дисциплините стапица, стрелање во глинени гулаби и двојна стапица, објави Кипарската федерација на спортско стрелаштво.

***

Во неделата (6-ти јули) во Охрид, Maкедонијa, започна Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Настанот, организиран од Домот за култура „Григор Прличев“ во градот, е финансиски поддржан од македонското Министерство за култура. На фестивалот ќе настапат уметници од Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Турција, Црна Гора, Коста Рикa и Maкедонијa.

***

Ова лето хрватските државни железници започнуваат да оперираат со десет нови возови, кои ќе обезбедуваат дневни прошетки до културните, гастрономските и другите локации. Почнувајќи од сабота (12-ти јули) возовите ќе возат за Жупања, позната по жетварските традиции и ритуали, и Фестивалот Криж на слаткарски производи во септември, додека друг воз ќе вози за Осиек на тура до Копачки рит, парк на природата.

***

Северниот албански град Скадар беше домаќин на четвртото издание на Џез фестивалот Скадар, кој започна на 2-ри јули и завршува в сабота. Сол и џез музичари од Албанија, Велика Британија и Италија настапија заедно со локалниот свинг-госпел хор. Фестивалот вклучува музички дискусии и прикажување на музички видеа.

(Разни извори 02/07/08-09/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading