Наука и технологија: Успешна роботската операција во Грција

07/07/2008

Грчките специјалисти разговараат за роботската операција: Исто така во вестите од науката оваа недела: турските истражувачи произведоа антисерум против кримско-конгоанската хеморагична треска и Хрватска стана дел од Клинсинет.
photo

Специјалисти разговараат за роботската операција во Солун. [AФП]

Роботската операција брзо навлегува во гинеколошката медицина во Грција, рекоа специјалистите за време на третиот Панхеленистички конгрес на гинеколошка ендоскопија во Солун. Учесниците на конгресот ги претставија најновите достигнувања во роботската хирургија во Грција во текот на изминатите две години, објави грчката телевизија и радио (ЕРТ) во вторникот (1-ви јули). Хирурзите спроедоа прва роботска операција во земјата во 2006 година.

***

Tурската парламентарна Комисија за надворешни работи усвои закон за ратификување на Протоколот од Кјото минатата недела. Турција е една од земјите што сé уште не го ратификуваа документот, чии потписници се согласија да ги намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена бавча за најмалку 5 отсто под нивоата од 1990-тите до 2012 година.

***

Tурските истражувачи произведоа антисерум против Кримско-конгоанската хеморагична треска (ЦЦХФ) користејќи примероци од крвта на пациентите кои развиле имунитет по откривањето на болеста. Одделот за хигиена на турското Министерство за здравство го создаде производот. Истражувачите успешно го тестираа на животни и потоа го користеа за лекување луѓе инфицирани со вирусот.

***

Заменик-претседателот на Европската комисија, Гунтер Верхоген, и албанскиот министер за здравство, Генц Рули, потпишаа меморандум за разбирање, формализирајќи го влезот на Албанија во столбот на претприемништво и иновации на Програмата за конкурентска и иновативна рамка (ЦИП). ЦИП, која трае од 2007 до 2013 година со буџет од 3,6 милиони евра, ги содржи следниве столбови -- Програма за претприемничка и иновативна рамка, Програма за информатички и комуникациски технологии и Програма за интелигентна енергија -- Европа.

***

Хрватскa стана дел од CleanSeaNet, сервисот на Европската агенција за поморска безбедност која помага за сателитско детектирање на протекување нафта во море. Учесниците во проектот мора да помагаат во создавањето и оперирањето со систем на рано предупредување.

***

Поврзани написи

Loading

Словенечката министерка за високо образование, наука и технологија, Мојца Куцлер Долинар, и нејзиниот црногорски колега, Сретен Скулетиќ, го одобрија договор за соработка во науката и технологијата во средата (2-ри јули). Министрите се согласија дека во 2009 година двете министерства ќе објават повици за примена на проектите за билатерално истражување.

***

Претседателот на бугарската Aгенција за информатички технологии, Пламен Вачков, во средата (2-ри јули) рече дека на неговата земја й требаат помеѓу 50 и 75 милиони евра во вид на инвестиции, за да обезбеди брзи интернет конекции низ целата земја. Државно-приватното партнерство би можело да ги обезбеди парите, рече тој, додавајќи дека агенцијата подготвила национална програма за развој широкомрежен сервис во Бугарија и наскоро истата ќе ја поднесе до владата на одобрување.

(Разни извори 30/06/08-07/07/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар