27/06/2008
Трансбалканскиот нафтовод ќе чини 50 отсто повеќе од првично очекуваното. Исто така во бизнис вестите: тимот на ММФ го заврши прегледот за Турција и Босна и Херцеговина, и германската КфВ се согласи да ја реконструира хидроцентралата Рама.
![]() Нафтоводот Бургас-Александрополис ќе чини повеќе од очекуваното. [Getty Images] |
Нафтоводот Бургас-Александрополис ќе чини помеѓу 1,5 и 1,55 милијарди евра -- 50 отсто повеќе од првично очекуваното, рече во четвртокот (26-ти јуни) рускиот оператор на проектот, Трансбалкански нафтовод. Главната причина е зголемената цена на металот и цевките. Бугаријa и Грција, кои имаат по 24,5 отсто акции во проектот, го одложија процесот на одземање на земјиштето за нафтоводот.
***
Тимот на ММФ го заврши прегледот на остварувањата на Tурција во последните два стенд-бај аранжмани, објави во средата (25-ти јуни) агенцијата Анатолијан. Според извештајот на ММФ, остварувањата на Турција се позитивни во двата стенд-бај аранжмани во поглед на должината, посветеноста и ефикасната употреба на финансиската помош.
***
Хрватското државно претпријатие за нафта и гас, ИНА, започна со експлоатацијата на полето Моган 2 во Иран. Проектот, кој се спроведува заедно со Националното иранско нафтено претпријатие, има приближна вредност од 142 милиони американски долари и се очекува да трае помеѓу четири и пет години. ИНА и нејзиниот локален партнер мора да ја извршат експлоатацијата во период од 25 години.
***
Босна и Херцеговинa (БиХ) и германската КфВ во понеделникот (23-ти јуни) потпишаа договор вреден 17 милиони евра за реконструкција на хидроцентралата Рама. Модернизацијата има за цел да го продолжи векот на хидроцентралата за 20 години и да го зголеми нејзиниот капацитет.
***
Грчкиот снабдувач на системот на лотарија, Интралот, во вторникот (26-ти јуни) објави дека ја доби лиценцата за лотарија во Тасманија, која ќе му овозможи проширување во Австралија. Претпријатието објави изјава во која се вели дека за брзо време ќе почне да води серија лотарии низ голема мрежа на продажни пунктови во Тасманија.
(Разни извори – 20/06/08-27/06/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's