Бисниз: Атина е домаќин на авио-експо

20/06/2008

Првата меѓународна бизнис и генерална авијациска изложба во Југоисточна Европа се одржа во Атина. Исто така во вестите: Македонија стана членка на Меѓународното здружение на економски и социјални совети и Бугарија уживаше зголемен економски раст во првото тримесечје од 2008 година.
photo

[ICARUS.ba]

Aтина беше домаќин на Аеро експо ИКАРУС 2008, првата меѓународна бизнис и генерална авијациска изложба во Југоисточна Европа, минатата недела. На саемот беа изложени најновите иновации во воздухопловната индустрија, како и воени млазни авиони. Во рамките на саемот се одржаа и семинари.

***

Maкедонијa стана членка на Меѓународното здружение на економски и социјални совети на 13-ти јуни во Рим. Македонската делегација, предводена од министерот за труд и социјална политика, Љупчо Мешков, присуствуваа на состанокот на здружението.

***

Стапката на економски раст во Бугаријa достигна 7 отсто во првото тримесечје од 2008 година, објави во понеделникот (16-ти јуни) државниот Завод за статистика. Стапката ја надмина ревидираната стапка од 5,5 отсто за истиот период пред една година. Аналитичарите предвидуваат извонредни економски резултати за остатокот од годината.

***

Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Европската инвестициона банка (ЕИБ) доделија заем од 40 милиони евра за модернизација и обнова на пристаништата во Драч, Aлбанијa. ЕБРД ќе обезбеди 14 милиони евра, додека остатокот ќе дојде од ЕИБ.

***

Челичниот гигант „Арчелор Митал“ купи дополнителни 11,3 отсто во најголемата фабрика за челик во Tурција „Ердемир“, зголемувајќи го својот удел во претпријатието на 24,9 отсто. „Арчелор“ плати 870 милиони американски долари за акциите, кои инвестициските фондови, вклучително Сосиете женерал, Некст џен капитал и Кредит Свис, ги продадоа.

***

Хрватското претпријатие за инженеринг „Кончар“ ќе направи нов вид воз за железницата на Босна и Херцеговина (БиХ). „Кончар“ ќе добие 5,3 милиони евра за производство на електричен воз и ќе го предаде за една година. Истиот ќе сообраќа по локалните патнички правци на БиХ.

***

Цените на мобилните телекомуникации во Aлбанијa се за трипати повисоки отколку во другите европски земји, според извештајот на Светската банка, кој повикува на пониски цени. Подобрувањето на телеком инфраструктурата ќе помогна за регионалната интеграција, соопшти банката. Истата додаде дека овој сектор, заедно со енергијата, е најважен за економијата на Албанија.

***

Одборот на директори на Светската банка во четвртокот (19-ти јуни) го одобри доделувањето средства како помош за Aлбанијa во намалувањето на загубата на животи и имот во итни ситуации. Меѓународната агенција за развој ќе обезбеди 4 милиони евра, а Меѓународната банка за реконструкција и развој ќе додели 1,9 милиони евра за првата фаза од проектот во текот на следните три месеци.

(Разни извори – 13/06/08-20/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading