Дипломатски дневник: Официјалниот претставник на ОН во Кипар ги обнови разговорите за повторно обединување

17/06/2008

Напорите за повторно отпочнување на разговорите за обединување на Кипар се во тек. Исто така во дипломатските вести: градоначалничката на Сараево, Семиха Боровец, се состана со градоначалникот на Дејтон, Охајо, Рајн Мек Лин, и турскиот претседател Абдула Ѓул ја посети Хрватска.
photo

Генералниот потсекретар на ОН за политички прашања, Лин Паско. [Getty Images]

Генералниот потсекретар на ОН за политички прашања, Лин Паско, во понеделникот (16-ти јуни) пристигна во Кипар, на состанок со кипарскиот претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат. Посетата на Паско е дел од напорите за повторно отпочнување на разговорите за обединување на островот. Тој имаше одделни состаноци со Христофиас и Талат во вторникот.

***

Градоначалничката на Сараево, Семиха Боровац, и градоначалникот на Дејтон, Охајо, во четвртокот (12-ти јуни) разговараа околу можноста за продолжување на соработката помеѓу нивните градови, за време на посетата на Мек Лин на Босна и Херцеговина. Тие се согласија да започнат програма за студентска размена помеѓу Сараевскиот универзитет и универзитетите во Дејтон подоцна оваа година. Мек Лин го пофали напредокот што го постигна БиХ од 1995 година.

***

Претседателот на парламентот на Република Српскa (РС) Игор Радојчиќ и Перица Рајчевиќ, претседателот на парламентарната комисија за евроинтеграциите и регионалната соработка, во понеделникот (16-ти јуни) заминаа во дводневна посета на Велика Британија. Претставниците на РС се очекува да се состанат со Ентони Смит, директорот за Европа во Министерството за надворешни работи, и Џон Остин и Патрик Кормак, претседателот и заменик-претседателот на Парламентарната група на сите партии за БиХ.

***

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев во неделата (15-ти јуни) замина во тридневна официјална посета на Соединетите Држави. Во понеделникот Станишев го отвори форумот за инвестиции во њујоршкиот Харвард клуб. Министерот за надворешни работи, Николај Калфин, кој го придружува Станишев, ќе одржи презентација за економските перспективи за Бугарија и другите земји во регионот. В среда Станишев ќе се состане со американскиот претседател Џорџ В. Буш.

***

Турскиот претседател Абдула Ѓул и неговиот хрватски колега Стипе Месиќ, во средата (11-ти јуни) се согласија дека се неопходни напори за воспоставување трајна стабилност во Југоисточна Европа. На самитот во Загреб, нивните делегации потпишаа меморандум за разбирање помеѓу турските и хрватските агенции за извоз и инвестиции, и договор за соработка помеѓу турскиот и хрватскиот државен архив.

(Разни извори 10/06/08 - 17/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading