Бизнис: ММФ ќе остане во БиХ

13/06/2008

ММФ вели дека неговата сараевска канцеларија ќе остане отворена. Исто така во вестите: косовскиот генерален ревизор издаде извештај за финансиските проневери во Министерството за трговија и индустрија во 2006 година и нивото на напредок на Србија во реформите доведе до помала финансиска помош во 2007 година.
photo

[Getty Images]

ММФ нема да ја затвори, туку ќе ја трансформира својата мисија во БиХ, се вели во соопштението на ММФ од понеделникот (9-ти јуни). Со тоа се побива објавата претходниот ден на гувернерот на централната банка на БиХ, Кемал Козариќ, дека ММФ ќе ја затвори својата сараевска канцеларија поради недостаток на програма на ММФ во БиХ за изминатите четири години. „Канцеларијата на ММФ ќе остане во Босна и Херцеговина во догледна иднина“, се вели во соопштението.

***

Косовскиот генерален ревизор во средата (11-ти јуни) објави извештај во кој се критикуваат финансиските практики на Министерството за трговиај и индустрија во 2006 година и се подвлекуваат прекршувањата извршени од страна на министерството, кои чинеле милиони евра. Канцеларијата пронајде 67 прекршувања во приходите и трошоците и погрешно насочување на капиталните инвестиции. Ревизорите, исто така, рекоа дека министерството не документирало трошоци во висина од 2,3 милиони евра.

***

Србијa доби помала финансиска помош во 2007 година отколку во 2006 година, како одраз на напредокот во реформите, рече во четвртокот (12-ти јуни) министерот за финансии во заминување, Мирко Цветковиќ. Србија доби 370 милиони евра финансиска помош минатата година, 130 милиони евра помалку од 2006 година.

***

Американско-швајцарски конзорциум победи на тендерот за купување 85 отсто од АРМО, единственото државно нафтено претпријатие во Aлбанијa, соопшти Министерството за економија во понеделникот (9-ти јуни). Здруженијата на рафинерии на Тексас, швајцарски Меркурија Енерџи груп лимитед и Аника енерпрајс понудија 125 милиони евра. Набљудувачите го очекуваат официјалното потпишување договор подоцна овој месец.

***

Хрватската влада усвои ревидиран план за развој на националната мрежа за природен гас до 2011 година. Целта е намалување на зависноста на Хрватска од природниот гас од Русија, со оглед на тоа што сегашниот увоз од Русија сочинува 40 отсто од вкупната домашна побарувачка и најверојатно ќе се движи нагоре.

***

Грчката влада во средата го назначи Јоргос Провопулос за нов гувернер на централната банка на земјата. Провопулос (58) ќе го наследи Николас Гарганас, кој ќе ја напушти позицијата следната недела. Провопулос е поранешен генерален директор на четвртиот по ред заемодавач во Грција, банката Пиреја.

(Разни извори – 06/06/08-13/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading