Дипломатски дневник: Ѓул во историска посета на Јапонија

03/06/2008

Абдула Ѓул ќе учествува на јапонскиот економски форум оваа недела. Исто така во дипломатските вести: Словачкиот премиер Роберт Фичо беше бо Сараево, и претседателот на Генералното собрание, Срѓан Керим, изрази поддршка за фокусот на Албанија на нуклеарната енергија.
photo

Турскиот претседател Абдула Ѓул пристигна во Јапонија во вторникот (3-ти јуни). [Getty Images]

Абдула Ѓул во вторникот (3-ти јуни) пристигна во Јапонија, во прва досега официјална посета на оваа земја од страна на еден турски претседател. Тој ќе се состана со императорот Акикито, премиерот Јасуо Фукуда и членови на парламентот. Ѓул, исто така, учествува на економските форуми во Токио и Осака.

***

Естонскиот премиер Андрус Ансип во неделата (1-ви јуни) допатува во четиридневна посета на Mакедонијa. Неговата делегација вклучува претставници на 15 естонски претпријатија за ИТ.

***

Претседателот на кипарскиот парламент, Мариос Каројан, во понеделникот (2-ри јуни) допатува тридневна посета на Португалија. Каројан ќе се состане со претседателот Анибал Чавако Силва и членови на парламентот.

***

Словачкиот премиер Роберт Фичо, кој во понеделникот (2-ри јуни) беше во Сараево, се состана со премиерот на Босна и Херцеговинa (БиХ) Никола Шпириќ, со членовите на трипартитното претседателство и премиерот на Република Српска Милорад Додик. Фичо и Шпириќ потпишаа договор за странски инвестиции и економска соработка.

***

Aлбанскиот фокус на нуклеарната енергија доби поддршка во четвртокот (29-ти мај) од претседателот на Генералното собрание на ОН, Срѓан Керим, во Тирана. Керим се состана со претседателот Бамир Топи, со претседателката на парламентот Јозефина Топали и премиерот Сали Бериша.

***

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговинa Селмо Чикотиќ и неговиот црногорски колега, Боро Вучиниќ, се состанаа во петокот (30-ти мај) во Сараево, на разговори околу соработката во спроведувањето на Индивидуалниот акциски план за партнерство (ПАП) и програмата Интензивен дијалог во нивните кандидатури за членство во НАТО.

***

Претседавачот на Националниот комитет на Политичко-консултативната конференција на кинескиот народ (ЦППЦЦ), Јиа Кингил, се состана со хрватскиот премиер Иво Санадер и претседателот на парламентот, Лука Бебиќ, во средата (28-ми мај) во Загреб. Јиа и Санадер се надеваат дека ќе го подобрат политичкиот дијалог и соработка во трговијата, културата, науката и туризмот.

***

Tурските изгледи за влез во ЕУ и напредок во разговорите за пристап во ЕУ беа главлата тема во средата (28-ми мај), кога претседателот на турскиот парламент, Коксал Топтан, се состана со романскиот премиер Калин Попеску Таричеану и претседателот на долниот дом Богдан Олтеану во Букурешт. Тие изразија цврста поддршка за кандидатурата на Турција за влез во ЕУ.

***

Поврзани написи

Loading

Хрватскиот министер за надворешни работи и евроинтеграција, Гордан Јандроковиќ, во понеделникот (2-ри јуни) пристигна во Тирана, на разговори околу изгледите за влез во НАТО и ЕУ. Aлбанската министерка за интеграција, Мајлинда Брегу, ги објасна напорите на Албанија за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Тие, исто така, разговараа за билатералната визна либерализација.

***

Грција ќе го поддржи напреднатиот договор за соработка со ЕУ и Moлдавијa, го увери премиерот Костас Караманлис својот молдавски колега во посета на земјата, Зинаида Грециани, во понеделникот (2-ри јуни). Караманлис ја потврди својата поддршка за интеграцијата на Молдавија во ЕУ и нејзините напори за решавање на транс-дњестарското прашање.

(Разни извори 27/05/08-03/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар