02/06/2008
Сите албански основни училишта ќе добијат компјутери и центри за ИТ до крајот на годинава. Исто така во вестите: Србија потпиша договор за соработка со Индија, и Солар интегрејтит технолоџис го доби својот прв договор во Грција.
![]() [Getty Images] |
До крајот на годинава, сите основни училишта во Aлбанијa ќе добијат компјутери и центри за ИТ, објави во неделата (25-ти мај) Министерството за образование. Околу 44 отсто од 600.000 ученици во основните училишта во Албанија досега имаа корист од овој проект, насловен како „Училишта со ИТ и комуникација“.
***
Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, и индискиот амбасадор во Белград, Ајај Сваруп, на 23-ти мај потпишаа договор за соработка во науката и технологијата. Договорот ја приоретизира истражувачката соработка помеѓу двете земји во информатичката технологија, агро и биотехнологијата, нанотехнологијата, енергетската ефикасност, управувањето со водните ресурси и изградбата на иновативни центри.
***
Солар интегрејтед технолоџис (СИТ), провајдер на соларни решенија, во средата (28-ми мај) рече дека го добил својот прв договор во Грција. УНЦ Енерџи менаџмент посредувал во договорот, кој претставува важен прв чекор за СИТ во растечкиот соларен пазар на Европа, според соопштението на фирмата.
***
Романија загуби 97 милиони евра во софтверското пиратство во 2007 година, зголемување за 32 отсто од 2006 година, според извештајот на Меѓународната корпорација за податоци во понеделникот (26-ти мај). Софтверските, музичките и компјутерските индустрии доживеаја загуби.
***
Новиот образовен центар за семејна медицина, најголем во Југоисточна Европа, беше отворен во Бања Лука, Република Српскa, на 23-ти мај. Изградбата чини 500.000 евра. Истата ќе опслужува 30.000 пациенти годишно.
***
Бугаринот Aлександар Коларски ја освои наградата за најдобар млад информатичар на Светската олимпијада во ИТ во Грузија, која заврши на 25-ти мај. Осумнаесетгодишниот Коларски се натпреваруваше со студенти од преку 40 земји, вклучително и САД, Велика Британија и Германија. Тој ја освои првата награда за одговарањето на 1.000 проблеми од компјутерската наука, од кои 600 бараа решенија на два програмски јазици.
***
Студентите по медицина ги претставија своите научни откритија на Првиот меѓународен студентски конгрес на медицинските науки што се одржа во Приштинa од четвртокот (29-ти мај) до петокот. Организаторите, исто така, прикажаа четири студентски презентации од универзитетите од целиот свет преку телеконференција.
(Разни извори – 26/05/08-02/06/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's