Бизнис: Седум претпријатија поднесоа понуди за откупување на преостанатите акции на Телеком Србија

30/05/2008

Српското претпријатие Телеком Србија ќе ги продава преостанатите акции на првичната јавна понуда. Исто така во бизнис вестите оваа недела: Турција ќе добие заем од 600 милиони американски долари од Светската банка и Црна Гора воведе еко-даноци за странските возила што влегуваат во земјата оваа година.
photo

[EУ]

Седум претпријатија поднесоа понуди за откупување на преостанатите акции во првата јавна понуда на српското претпријатие Телеком Србија. Тоа се: Ситигруп, Мерил Линч, Голдмен Саш, Морган Стенли, конзорциум на Рајфајзен бенк и Дојче бенк, конзорциум предводен од Џеј Пи Морган и Кредит Свис, објави во вторникот (27-ми мај) српската агенција за приватизација. Победникот ќе биде обелоденет на крајот од јули или август.

***

Светската банка го одобри извозниот заем од 600 милиони американски долари за Турција, рече во понеделникот (26-ти мај) Улрих Закау. Заемот се очекува да го зголеми капацитетот и конкурентноста на локалните извезувачи, обезбедувајќи им среднорочен и долгорочен работен капитал и инвестициско финансирање. Турската банка за индустриски развој и Експорт-кредит банк од Турција ќе го исплатат заемот.

***

Министерството за туризам на Црна Гора во понеделникот (26-ти мај) го објави новиот еко-данок за сите странски возила кои ќе влезат во земјата ова лето, во обид за зачувување на животната средина. Данокот, кој ќе почне да се наплаќа од 15-ти јуни, ќе изнесува 10 евра за автомобилите и минибусите и од 30 до 150 евра за камионите, автобусите и другите големи возила.

***

Европската комисија (ЕК) ќе ја предводи Донаторската конференција за Косовo на 11-ти јули, објави канцеларијата на ЕК во Приштина во средата (28-ми мај). По повиците од владата за конкретни проекти што ќе може да добијат странска помош, општините поднесоа 357 проекти во инфраструктурата, образованието, здравството, земјоделството и туризмот, објави ЕК.

***

Поврзани написи

Loading

Aлбанското Mинистерство за економија, трговија и енергија го стави на продажба дистрибутивниот оддел на албанското претпријатие за електростопанство, КЕШ, објави во четвртокот (29-ти мај) Фајненшал тајмс. Министерството ќе продаде од 51 до 76 отсто од дистрибутивното претпријатие на стратешки инвеститор за да ги минимизира загубите на претпријатието.

***

Бугарското државно претпријатие за електростопанство, НЕК, во средата (28-ми мај) ги покани понудувачите кои влегоа во потесниот избор на тендерот за 49 отсто од втората бугарска нуклеарка (Белене), да ги поднесат своите понуди до 23-ти јуни. Понудувачи за проектот вреден 4 милијарди евра се германското претпријатие РВЕ и белгиски Електрабел. Нуклеарката од 2.000 мегавати треба да биде пуштена во употреба до 2013 или 2014 година.

(Разни извори – 23/05/08-30/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар