28/05/2008
Краткометражен филм од Романија ја освои Златната палма на 61-виот Кански филмски фестивал. Исто така оваа недела: бугарски сумо борач победи на јапонскиот Императорски куп, и Загреб беше домаќин на 25-тиот фестивал Недела на танцот.
![]() Романскиот режисер Маријан Крисан. [Габриел Переску] |
Краткометражниот филм на романскиот режисер Марија Крисан „Мегатрон“ ја освои Златната палма на 61-виот Кански филмски фестивал, кој се одржа од 14-ти мај до неделата (25-ти мај). „Снег“ на босанската режисерка Аида Бегиќ го освои гран прито на Канската критика. Актерката родена во Косовo Арта Доброши беше номинирана за најдобра женска улога за нејзината улога во „Молкот на Лорна“, чии продуценти се Жан-Пјер и Лук Дардене, кој ја освои наградата за најдобро сценарио.
***
Бугаринот Котошу стана првиот Европеец кој победил на јапоскиот Императорски куп на Летниот гранд сумо турнир во Токио во саботата (24-ти мај). Котушу ја освои титулата со 13:1 поени. Тој е седмиот странец кој го освоил Императорскиот куп.
***
Студенти по турски јазик од 110 земји учествуваат на шестата Меѓународна олимпијада по турски јазик која беше отворена во петокот (23-ти мај) во Анкара. Учесниците се натпреваруваат во 13 категории, вклучително и конверзација, пишување, граматика, пеење, поетско рецитирање, презентација, општа култура и уметничко пишување.
***
Во петокот (23-ти мај) во Мостар, Босна и Херцеговинa (БиХ) беше отворен Меѓународниот саем по економија, земјоделство, храна и туризам „Денови на црешната 2008“. Повеќе од 150 излагачи од соседните земји на БиХ учествуваат на настанот. Здружението на производители на органски производи на БиХ „Органско“ е главен спонзор на саемот.
***
Двесет и петтиот фестивал Недела на танцот започна во понеделникот (26-ти мај) во Загреб со изведбата на претставата „Ла пудер де Ајсбергс“ на канадската дружина Даниел левеј данс. Фестивалот, на која настапуваат 12 дружини од пет континенти, ќе ги прикаже најновите кореографски трендови. Фестивалот ќе заврши во вторник.
***
Настанот за промовирање на кирилицата се одржа на скопскиот плоштад Македонија во понеделникот (26-ти мај). Истиот беше дел од кампањата „Сé додека пишувам кирилица, постојам!“, која ќе трае до 10-ти јуни.
***
Албанскиот магнат Дритан Хоџа (40), кој беше сопственик на најголемото медиумско претпријатие во земјата, Топ медиа, загина во петокот (23-ти мај) во сообраќајна несреќа во Тирана. Империјата на Хоџа ја вклучуваше и телевизијата Топ ченал и 24-часовниот информативен канал.
(Разни извори – 21/05/08-28/05/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's