Култура и спорт: Турција планира да постави статуа во спомен на новинарот

21/05/2008

Истанбул планира да подигне статуа на гулаб, посветена на убиениот новинар Хрант Динк. Исто така во културата оваа недела: Подгорица беше домаќин на меѓународниот саем на книгата и делата на Пикасо беа изложени во Скопје.
photo

Статутата ќе биде подигната во знак на сеќавање на убиениот новинар Хрант Динк. [Getty Images]

Статуа на гулаб, симболот на мирот, ќе биде подигната во Истанбул, на местото каде што беше убиен истакнатиот турски новинар Хрант Динк. Турскиот скулптор Мехмет Аксој вели дека добил инспирација од реченицата што Динк ја напишал една недела пред неговиот атентат на 19-ти јануари 2007 година: „Гулабите не се убиени во оваа земја“.

***

Романското Министерство за култура објави дека ќе даде субвенции во висина од 175.000 евра во седум области од културата. Субвенции од по 25.000 евра се наменети за секоја од нив -- ликовната уметност, архитектурата, пластичните уметности, филмот и телевизијата, литературното истражување, музиката и театарот.

***

Подгорицa беше домаќин на меѓународниот саем на книгата кој заврши во понеделникот (19-ти мај). На саемот присуствуваа околу 100 издавачи и книжарници од Кина, Франција, Иран, Италија и земјите од Југоисточна Европа.

***

Романска изложба на 1.112 уметнички дела од неолитскиот период, беше отворена во Олтен, Швајцарија, од 2-ри до 15-ти јуни. Изложбата, организирана од Романскиот национален историски музеј, ќе биде најголема романска изложба од ваков вид во странство. Истата содржи артефакти од 31 музеј низ целата земја.

***

Уметничкото творештво на Пабло Пикасо беше прикажано во Скопјe во рамките на Ноќите на музеите во петокот (16-ти мај). Пикасовите „Глава на жена“ и „Танцот на сатирите“, беа дел од иницијативата. „Главата на жена“ е од Музејот на современа уметност во Скопје. Истата е добиена како подарок од Пикасо по катастрофалниот земјотрес во Македонија во 1964 година. „Танцот на сатирите“ е во сопственост на анонимен македонски колекционер.

***

Поврзани написи

Loading

Петтото издание на филмскиот фестивал Авангарда се одржа од 14-ти мај до четврток (22-ри мај) во Aтина. Настанот беше заедничка иницијатива на општината Атина, Австриската амбасада, Атинското училиште за ликовна уметност, Грчката филмска архива и Институтот Гете.

***

Деновите на српскиот филм започнаа во петокот (16-ти мај) во Лисабон. Настанот, кој ќе трае до 30-ти мај, беше отворен со прикажувањето на филмот „Подземје“ на српскиот режисер Емир Кустурица. На настанот ќе бидат прикажани десет филмови.

(Разни извори – 14/05/08 - 21/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар