14/05/2008
Заедно со другите земји во регионот, Албанија го прослави Денот на Европа на 9-ти мај. Исто така во вестите: Новак Ѓоковиќ победи во финалето на Рим мастерс и Албанија беше домаќин на првиот натпревар на Мотор рели.
![]() Албанскиот претседател Бамир Топи (во средината) се подготвува да вози велосипед со децата по главниот булевар во Тирана во саботата (9-ти мај) по повод одбележувањето на Денот на Европа. Голем број локални жители возеа велосипеди наместо да возат автомобил, поддржувајќи ја темата „Европа без смог“. [Getty Images] |
Аспирантката за ЕУ Aлбанијa, заедно со другите земји во регионот, го прослави Денот на Европа во петокот (9-ти мај). На тој ден во 1950 година Роберт Шуман го претстави својот предлог за организирана Европа. Неговиот план, познат како „Декларацијата на Шуман“, подоцна беше признаена како почеток на денешна ЕУ.
***
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на финалето на Рим мастерс во неделата (11-ти мај), поразувајќи го непласираниот на светската листа Станислас Вавринка од Швајцарија со 4:6, 6:3 и 6:3. Претходно оваа сезона, Ѓоковиќ го освои својот прв Гренд слем во Австралија и беше прв на Индијан Велс мастерс.
***
Градот Валона, во Aлбанијa, беше домаќин на првиот натпревар на Мотор рели во земјата во неделата (11-ти мај). Шеесет и двајца учесници од Албанија, регионот и Европа присуствуваа на настанот. Првата награда ја добија моторџии од <b>Косово</b>.
***
Покојната македонска поп-ѕвезда Тоше Проески во понеделникот (11-ти мај) постхумано ја освои наградата за Песна на годината на фестивалот Порин во Хрватска. Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во Хрватскa минатата есен, победи со својата песна „Игри без граници“. Неговиот албум со истото име е најпродаван албум во Хрватска во 2007 година.
***
Околу 20.000 луѓе учествуваа на овогодинешниот 25-ти Aтински маратон во неделата (11-ти мај). Трката е најголем спортски и културен настан организиран од атинските општински власти. Овогодинешниот настан се совпадна со Денот на мајката.
***
Романијa беше домаќин на фестивалот на романски деца што живеат во странство во саботата (10-ти мај), прв од ваков вид досега. Настанот „Зелената трева дома“, беше организиран од Детската палата во Букурешт, и собра повеќе од 200 деца што живеат во странство. Целта беше да се олесни нивниот пристап до романската култура.
***
Градот Риекa, во Хрватскa, беше домаќин на тенискиот турнир Челинџер во понеделникот (12-ти мај). Николас Масу од Чиле, олимпискиот шампион во Aтина во 2004 година, го порази Белгиецот Христофе Рочус во финалето.
(Разни извори – 07/05/08-14/05/08)