12/05/2008
Во Приштина е отворена лабораторија за судска медицина спонзорирана од САД. Исто така во вестите: црногорското крајбрежје се соочува со сериозно загадување и романскиот пазар на современа технологија се очекува да достигне 7 милијарди евра оваа година.
![]() Лабораторијата ќе прави анализа на хемискиот состав на лековите и ќе ја испитува ДНК. [Getty Images] |
Најсовремена лабораторија за судска медицина беше отворена во средата (7-ми мај) во Приштинa. Американската влада ја финансираше опремата за персоналот и обуката, вредни 6,5 милиони евра. Лабораторијата, најсовремена во регионот, ќе врши анализи на хемискиот состав на лековите, балистички испитувања, анализа на отпечатоците на прсти, анализи на документи и ДНК и крвни анализи.
***
Загадувањето на морето предизвикано од истекувањето на товарните води од странските бродови, недостатокот на испитувања, непочитување на поморските територијални ограничувања и прекумерната урбанизација се најголемите проблеми со кои се соочува црногорското крајбрежје, предупредуваат експертите. Според весникот Вијести, овие проблеми може да ги уништат животинските и растителните видови во регионот.
***
Пазарот на современа технологија во Романијa се очекува да достигне 7 милијарди евра оваа година, од 2 милијарди евра во 2007 година, објави во средата (7-ми мај) министерот за комуникации и информатички технологии, Кароли Борбели, на отворањето на најголемата изложба на ИТ и К во земјата. Истата се одржа во изложбениот центар Ромекспо во Букурешт.
***
Tурскиот комуникациски сателит Турскат 3А ќе оди во орбитата на 24-ти мај. Повеќе од 20 турски инженери неодамна го завршија тестирањето. Новиот сателит ќе го користат телевизиските и комуникациските системи во регионот. Неговиот опсег на активност ќе ја покрива цела Европа и поголем дел од Азија.
***
Романскиот Комитет за индустрии и услуги на Домот на делегатите и Романскиот национален комитет на Светскиот енергетски совет во четвртокот (8-ми мај) започнаа пилот-проект насловен како „Палата на парламентот, зграда со нулта енергија“, со цел создавање масовна еколошка зграда, самоодржлива за енергија. Проект-инженерите ќе инсталираат соларни ќелии за генерирање енергија, пумпи за топлина, временски прекинувачи и енергетски ефикасна опрема.
***
Нов трансплантен центар беше отворен на 6-ти мај во Институтот за абдоминална хирургија во Војводинскиот клинички центар Србијa. Центарот ќе прима по 15 пациенти истовремено и ќе се специјализира за трансплатација на бубрези.
***
Државниот обвинител на Босна и Херцеговина (БиХ) испитува група млади хакери за наводно хакирање веб-страници и уцени, објави Независне новинe на 6-ти мај. Хакерите, наводно, блокирале неколку веб-страници во БиХ и Хрватска и побарале пари од нивните сопственици. Полицијата потврди дека тие го доставиле случајот до државниот обвинител, кој наскоро ќе покрене обвинение.
(Разни извори – 05/05/08 - 12/05/08)