09/05/2008
Корисниците на популарен интернет сервис го избраа грчкиот остров за свое омилено место за патување во Европа. Исто така: Телеком Српске на Република Српска оствари 14 милиони евра профит.
![]() Родос. [Архива] |
Грчкиот остров Родос беше изгласан за најдобра туристичка дестинација во Европа и петта во светот, во истражувањето што го спроведе интернет патничкиот сервис Трип адвајзор. Резултатите се базираат на препораките на членовите на страницата. Австрија е втора, по Родос.
***
Главниот телеком оператор во Република Српска, Телеком Српске, оствари нето профит од 14 милиони евра во првото тримесечје од годинава. Според финансиската изјава објавена во средата (7-ми мај) приходите на претпријатието достигнаа 54 милиони евра од јануари до март, додека трошоците достигнаа 38 милиони евра, а 2 милиони беа платени во даноци. Приватизацијата на Телеком Српске беше најуспешниот ваков договор што беше спроведен во Босна и Херцеговинa минатата година.
***
Европската комисија одобри 143 милиони евра државна помош за Форд, новиот сопственик на романскиот производител на автомобили Аутомобиле Крајова. Парите се наменети за унапредување на производството.
***
Европската банка за реконструкција и развој додели нова кредитна линија од 5 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија во Maкедонијa. Претпријатијата ќе можат да ги користат парите за инвестиции, за купување опрема и за целосен развој.
***
Загреб во средата (7-ми мај) беше домаќин на Меѓународната конференција за економски трендови, која се фокусираше на развојот на финансиската индустрија и економија на земјата. Настанот, организиран од Хрватското здружени на работодавачи, Хрватското здружение на банкари и хрватско-австриската Стопанска комора, заврши со заклучок дека Хрватска ги чувствува последиците од глобалната економска криза, високите цени на нафтата и севкупниот надолен тренд на светските берзи.
(Разни извори – 02/05/08-09/05/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's