Бизнис: Албанскиот здравствен систем доби 1,2 милиони евра швајцарски заем

02/05/2008

Широки реформи ќе бидат спроведени во албанскиот здравствен систем благодарение на швајцарскиот заем од 1,2 милиони евра. Исто така оваа недела: Европската инвестициона банка го одобри заемот од 380 милиони евра за подобрување на бугарскиот патен систем, и косовското Министерство за економија и финансии ќе ги намали даноците.
photo

Реформите во здравствениот сектор вклучуваат обука на медицински персонал. [Архива]

Швајцарската влада одвои 1,2 милиони евра за финансирање на тригодишната програма на реформи во албанскиот здравствен систем. Министерството за здравство ќе се фокусира на континуираната обука на медицински персонал со цел да се подобри здравството во земјата.

***

Tурскиот Tурк телеком во понеделникот (28-ми април) објави дека ќе понуди 15 отсто од државните акции на своето претпријатие. ИПО е втората по големина економска новост во Турција по продажбата на Текел на БАТ пред еден месец.

***

Европската инвестициона банка (ЕИБ) одобри заем од 380 милиони евра на бугарскиот патен инфраструктурен фонд, според договорот потпишан од страна на владата и ЕИБ во средата (30-ти април). Целото финансирање за фондот ќе достигне 705 милиони евра, од кои 325 милиони евра ќе бидат федерални соодветни средства подигнати од владата.

***

Косовското Министерство за економија и финансии има намера да ги намали давачките за бизнисите, но предупреди дека ќе ги преземе сите мерки против должниците, вклучително и повлекување на нивните долгови од нивните банковни сметки. Министерството, исто така, рече дека ќе ги намали сите даноци на приход, а намалувањата се очекува да достигнат 50 отсто за некои категории.

***

Maкедонијa ја заврши изградбата на далноводот од 400 киловатчасови, кој ќе го поврзува нејзиниот источен пограничен град Штип со Бугарија. Далноводот ќе биде готов за употреба веднаш штом Бугаријa ќе ги заврши инфраструктурните проекти за поврзување на далноводите на двете земји.

***

Црна Гoра прими повеќе од 44.000 туристи во првите два месеци од оваа година, што претставува зголемување од 34 отсто од минатата година, според податоците објавени од централната банка на земјата во средата (30-ти април). Властите регистрираа 200.000 преноќувања во земјата во јануари и февруари, што е зголемување за 47,9 отсто од истиот период пред една година. Странците сочинуваа 66 отсто од гостите на земјата. Црна Гора очекува да пречека повеќе од 1,3 милиони туристи до крајот на оваа година.

(Разни извори – 25/04/08-2/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading