Култура и спорт: Турскиот писател Памук одликуван во Романија

30/04/2008

Нобеловецот Орхан Памук од Турција доби почесна титула на Универзитетот во Букурешт. Исто така во вестите оваа недела: меѓународен фестивал на фотографија ќе се одржи во Анкара и научниците открија нов археолошки локалитет во Албанија.
photo

Орхан Памук. [Габриел Петреску]

Tурскиот пистаел и добитник на Нобеловата награда Орхан Памук во средата (23-ти април) и 24-ти април беше во Романијa за да се состане со своите читачи во Атинеумот во Букурешт. Памук, исто така, доби почесна докторска титула на Универзитетот во Букурешт.

***

Меѓународниот фестивал на фотографија се одржа од петок (2-ри мај) до недела во Aнкарa. На настанот ќе учествуваат фотографи професионалци и аматери од Турција и странство. Светскиот уметнички центар во Анкара ќе биде домаќин, под покровителство на Анкарското друштво на аматери фотографи и филмски работници.

***

Кипар ќе биде домаќин на кипарското авто-рели 2008, на 17-ти и 18-ти мај, втора рунда од ФИА Средноисточниот рели шампионат 2008. Кипарското автомобилско здужение ја објави новата рута за митингот во 2008 година, која ќе се состои од нови етапи, некои воведени во 2007 година и избор од класични етапи.

***

Археолошка експедиција откри предмети во Елбасан, централна Aлбанијa, кои датираат од градот Скампа, од 2 век п.н.е. Делови од откритието можно е да потекнуваат од богатиот илирско-римски пат кај Скампа.

***

Градот Риека, во Хрватскa, беше домаќин на 7-миот полумаратон во неделата (27-ми април). На настанот се приклучија повеќе од 3.000 хендикепирани млади атлетичари и професионални маратонци. Приходите ќе бидат наменети за младите атлетичари. Овогодишен победник беше Кениецот Исак Тануи.

***

Првиот бањалучки Меѓународен филмски фестивал (БЛИФ) ќе се одржи од петок (2-ри мај) до 9-ти мај во Република Српскa (РС). Истиот вклучува 43 филмови и 22 студентски филмови со образовна програма. По фестивалот филмскиот караван БЛИФ ќе оди на турнеја низ РС за да ги претстави најдобрите филмови.

***

Српската тенисерка Ана Ивановиќ ја порази хрватската тенисерка Ника Озеговиќ во неделата (27-ми април), со 7:5, 6:1 во плејофот на Фед кап 2010, овозможувајќи й на Србија да ја победи Хрватска со 3:2 и да влезе во Светската група II. Во обратните синглови Србинката Јелена Јандроковиќ ја порази Озеговиќ со 6:1, 6:2, а колешката на Јандроковиќ Ана Јовановиќ ја порази Јелена Костаниќ-Тошиќ со 6:4, 7:5. Исто така, Хрватката Aна Врљиќ ја порази Теодора Мирчиќ со 6:4 и 7:5.

(Разни извори -- 23/04/08-30/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading