23/04/2008
Српскиот главен град ќе биде домаќин на славната британска рок-група. Исто така оваа недела: познат романски бегалец од времето на комунизмот почина во Париз, и албанската кревачка на тегови Ромела Бегај освои сребро на Европското првенство во кревање тегови.
![]() Полис се на светска турнеја, по повод триесет години од нивниот прв хит „Роксен“. [Getty Images] |
Стинг и Полис ќе одржат концерт во Белград в четврток (24-ти јуни), во рамките на светската турнеја, по повод 30 години од нивниот прв хит „Роксен“. Белградскиот концерт ќе биде единствен на групата во тој дел од Европа, а најблизок друг град во регионот е Венеција.
***
Романската литературна критичарка Моника Ловинеску почина во понеделникот (21-ви април) во Париз. Ловинеску (85) беше новинарка, литературна критичарка и радио-коментатор за Радио Слободна Европа. Таа беше една од водечките гласови во егзил што пишуваа за романската култура под комунистичкиот режим.
***
Aлбанката Ромела Бегај го освои сребрениот медал во категоријата за 58 килограми за жени на Европското првенство во кревање тегови во Италија. Покрај тоа што се натпреваруваше во овој дел, таа освои бронза и за кревање тегови над глава, по што подигна 212 килограми вкупно и освои сребрен медал, рушејќи го националниот рекорд.
***
Грчкиот министер за култура, Михалис Лиапсис, присуствуваше на церемонијата на враќање на артефактите во Националниот археолошки музеј во Атина во понеделникот (21-ви април). Античката погребна урна „Лекитос“ пристигна од Швајцарија. Артефактот, кој датира од 400 до 500 г.п.н.е. претходно припаѓаше на приватна колекција во Базел, Швајцарија.
***
Филмот „Јајце“ на турскиот режисер Семих Капланоглу освои Златно лале на 27-миот Истанбулски меѓународен филмски фестивал во саботата (19-ти април). Капланоглу ги победи другите 12 режисери. Фестивалот беше формиран во 1982 година за да го зајакне турскиот филм.
***
Романскиот боксер Адријан Диакону во саботата (19-ти април) победи во борбите на Светскиот боксерски совет, станувајќи привремен шампион во полутешка категорија. Диакону (29) ја претставува Романија на Олимпијадата во 2000 година. Тој моментно се натпреварува за Канада.
***
Приштинскиот Eтнолошки музеј е домаќин на изложбата на артефакти на косовското културно наследство, чија цел е истакнување на важноста на заштитата на косовската национална култура и традиции. Изложбата беше отворена во петокот (18-ти април), Меѓународниот светски ден на наследството.
(Разни извори – 16/04/08 - 23/04/08)