Бизнис: Подем на туризмот во Турција

18/04/2008

Tурција доживува прилив на странски туристи и следствено, зголемување на приходите. Исто така во вестите оваа недела: косовскиот трговски дефицит е во пораст и Црна Гора е домаќин на Виенскиот економски форум.
photo

Туризмот во Турција се очекува да доживее раст во 2008 година. [Getty Images]

Tурција очекува повеќе од 23 милиони странски туристи оваа година, објави во неделата (13-ти април) Државната организација за планирање (ДПТ). Приходите од туризмот се очекува да достигнат 19,5 милијарди американски долари, според ДПТ. Организацијата истакна дека Турција примила околу 18,5 милиони туристи во 2007 година и планира да ги достигне Франција, Шпанија и Италија, моментно најпопуларните туристички дестинации во Европа.

Косовскиот трговски дефицит се продлабочи на 1,5 милијарди евра во 2007 година, објави во средата (16-ти април) косовското Министерство за трговија и индустрија. Минатата година увозот на Косово достигна висина од 1,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 20 отсто во споредба со 2006 година, додека извозот достигна само 96,4 милиони евра, 53 отсто повеќе од претходната година.

***

Инфлацијата мерена преку трошоци на живот во Србијa во март во споредба со истиот месец претходната година достигна 13,6 отсто и е повисока од оствареното годишно ниво во февруари од 1 2,5 отсто, објави српскиот Завод за статистика, во вторникот (15-ти април). Покачувањето на инфлацијата повторно беше предизвикано од цените на храната. Растот на цените на храната достигнаа 25,2 отсто во март.

***

Селото Бечичи во близина на Будва, Црна Гoра, беше домаќин на Виенскиот економски форум во понеделникот (14-ти април) и вторникот. Главните теми за кои се разговараше на настанот беа инвестиционата политика, инфраструктурните проекти и инвестициските можности во Црна Гора. Домаќин на настанот беше премиерот Мило Ѓукановиќ.

***

Црна Гора и Унгарија во понеделникот (14-ти април) потпишаа договор за економска соработка. Документот беше потпишан од страна на црногорскиот министер за економија, Бранимир Гвозденовиќ, и унгарскиот државен секретар Абел Гарамхеѓи. Трговијата помеѓу Унгарија и Црна Гора достигна 87 милиони евра во 2007 година и оваа година се очекува да достигне 100 милиони евра.

***

Светската банка и ММФ предвидуваат забавување на економскиот раст во Aлбанијa како резултат на глобалната финансиска криза. Светската банка препорача албанската влада да вложи повеќе напори во борбата против предизвиците што ги носат нестабилните финансиски пазари и порастот на цените на енергијата и храната.

***

Операторот на Љубљанскатa берза, конзорциум, го избра грчкиот Хеленик ексчејнџ и австриската Виенер Берсе како преферирани понудувачи за 81,01 отсто од Љубљанската берза. Грчката и австриската берза ќе влезат во финалната фаза на продажбата.

(Разни извори – 11/04/08-18/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading