Култура и спорт: Романска гимнастичарка освои злато

16/04/2008

Романската гимнастичарка Сандра Избаса освои злато во Германија. Исто така во вестите оваа недела: американскиот филмски режисер Стан Драготи ќе промовира позитивен имиџ на Косово, и двајца натпреварувачи од Србија победија на традиционалната улична трка во Сараево.
photo

Сандра Избаса од Романија се натпреварува на Светскиот куп во Германија. [Getty Images]

Романската гимнастичарка Сандра Избаса освои златен медал на вежби на под на Светскиот куп во гимнастика во Котбус, Германија, во неделата (13-ти април). Избаса освои бронза на натпреварот на греда.

***

Стан Драготи, американски филмски режисер со албанско потекло во неделата (13-ти април) пристигна во Косовo, во обид да го промовира позитивниот имиџ на самопрогласената, нова, независна држава. Наводно, Драготи ќе се обиде да спроведе кампања во Косово слична на неговата позната кампања од 1970-тите „Го сакам Њујорк“.

***

Мирко Петровиќ и Ана Суботиќ од Србијa победија на Вивикта 2008 година, 14-тата традиционална трка на улиците на Сараевo во неделата (13-ти април). Околу 2.000 натпреварувачи -- поделени во четири категории -- учествуваа на трката долга 4 километри, која беше организирана од сараевската кантонска спортска асоцијација.

***

Педесетиосмиот Војводински фестивал на професионален театар беше отворен во понеделникот (14-ти април) во Зрењанин, Војводина, Србијa. На настанот, кој завршува на 20-ти април, ќе бидат претставени шест драми и пет куклени претстави.

***

Солун беше домаќин на 12-тото издание на Европската театарска награда од 9-ти април до недела (13-ти април). Францускиот режисер Патрис Шеро ја освои овогодинешната награда. Натпреварот започна во 1986 година како пилот проект на Европската комисија.

***

Поврзани написи

Loading

Истанбул е избран за домаќин на светското првенство во пливање на куси патеки 2012 и европското првенство во куси патеки во 2009 година. Ова ќе биде првпат Турција да биде домаќин на светското првенство. Одлуката беше објавена во саботата (12-ти април).

***

Златна маска, стара 2.400 години, кој ја носел тракискиот владетел Терес ќе биде изложена во Бугарскиот национален археолошки музеј до 20-ти април. Артефактот е прва цврста златна маска на еден тракиски владетел пронајдена досега. Истата беше ископана од страна на бугарскиот археолог Георги Китов и неговиот тим.

(Разни извори – 09/04/08-16/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар