31/03/2008
Одделот за патологија на една хрватска болница ќе добие реновирано крило. Исто така во вестите оваа недела: Црна Гора го менува својот интернет домен и албанската и турската влада потпишаа договор за соработка.
![]() Клиниката во Сплит, Хрватска, користи ДНК анализи за идентификување на воените жртви од цела Европа. [Getty Images] |
Хрватскиот министер за наука, образование и спорт, Драган Приморац, во вторникот (25-ти март) го отвори реновираното крило на сплитскиот оддел за патологија, кој е опремен со лабораторија за клиничка и судска генетика. Од 1994 година лабораторијата користи ДНК за идентификување на жртвите од остатоците пронајдени во масовните гробници низ цела Европа.
***
Црна Гора ја започна промената од интернет доменот .cg.yu во доменот .me во вторникот (25-ти март). Промената во новиот домен ќе биде бесплатна за сите корисници. Стариот домен ќе биде активен до 21-ви април.
***
Aлбанскиот министер за образование и наука, Генц Поло, и неговиот турски колега, Хусејин Челик, во средата (26-ти март) потпишаа договор за заедничката програма за соработка во образованието, науката, културата и уметноста. Договорот беше потпишан за време на посетата на <b>турскиот<b> премиер Реџеп Тајип Ердоган на Тирана.
***
Бугарската Државна агенција за информатичка технологија и комуникации обезбеди бесплатен интернет пристап за професорите и студентите на Државниот колеџ за телекомуникации и пошти како подарок по повод 85-годишнината од инситуцијата. Агенцијата ги покани професорите да ја користат експерименталната лабораторија со нова генерација интернет протокол, која беше отворена на почетокот од март.
***
Само 70 отсто од индустриските претпријатија во Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ) имаат еколошки лиценци, објави во средата (25-ти март) Томислав Лукиќ, советникот за животна средина при Министерството за животна средина и туризам. Тој додаде дека ФБиХ издаде 400 нови лиценци во изминатата година и потврди дека крајниот рок за нивно обновување е јануари 2010 година.
***
Тридневен Циско експо 2008 се одржа во Сараево почнувајќи од средата (26-ти март). На настанот присуствуваа околу 100 Циско партнери од јавните претпријатија и водечките странски фирми во Босна и Херцеговинa.
***
Хрватскиот производител на телеком опрема Ериксон Никола Тесла (ЕНТ) склучи договор од 1,1 милиони евра за опрема за Косовското претпријатие за пошти и телекомуникации. ЕНТ вели дека и покрај напнатата политичка ситуација во Косово, пазарот на ИТ има огромен потенцијал.
(Разни извори – 24/03/08 - 31/03/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's