Култура и спорт: Почест за Проески во Струмица

26/03/2008

Патувачката изложба е организирана во сеќавање на Тоше Проески, покојниот македонски поп-пејач. исто така оваа недела: осум кусометражни филмови од Косово ќе бидат прикажани на меѓународниот филмски фестивал во Загреб.
photo

Тоше Проески. [Getty Images]

Патувачка изложба во сеќавање на покојната македонска поп ѕвезда Тоше Проески, беше отворена во четвртокот (20-ти март) во Струмица, Maкедонијa. Изложбата, насловена како „Хуманата мисија на ангелот“ содржи 27 фотографии на кои е прикажан животот на Проески, кој загина на возраст од 26 години во сообраќајна несреќа минатиот октомври. Изложбата ќе патува понатаму оваа година, до Белград, Загреб, Љубљана, Рим, Ватикан и Калкута.

***

Осум кусометражни филмови од Косовo ќе бидат прикажани на „Преглед на аматерскиот филм“, меѓународниот филмски фестивал во Загреб. Еднонеделниот фестивал ќе започне в недела (30-ти март) и на него ќе бидат прикажани 200 филмови од целиот свет.

***

Српските тениски ѕвезди Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ победија на Индијан Велс мастерс, освојувајќи ги двете титули во неделата (23-ти март). Ѓоковиќ го порази Марди Фиш од Соединетите Држави со 6:2, 5:7 и 6:3, додека Ивановиќ ја победи второрангираната Светлана Кузнецова од Русија до 6:4 и 6:3.

***

Ентузијастот за Гинисовата книга на рекорди, Крунослав Будиселиќ, го изгради најголемиот чоколаден дворец во светот во Загреб, за продажба на добротворен настан. Замокот е висок три метри, два метри широк, шест метри долг и е направен од околу 100.000 чоколади.

***

Романската пливачка Камелија Потец во понеделникот (24-ти март) го освои бронзениот медал во последниот ден од Европското првенство во пливање во Еиндховен, Холандија. Потец беше трета на натпреварот за жени во слободен стил на 400 метри.

***

Италијанската актерка Клаудија Кардинале ќе биде почесен гостин на 27-миот Меѓународен филмски фестивал во Истанбул. На 4-ти април Кардинале ќе учествува на официјалната церемонија на отворање на фестивалот.

***

Приморскиот град Лимасол во Кипар беше домаќи на Ол стар игрите на Еврокупот 2008 во вторникот (25-ти март). Организиран од Меѓународната кошаркарска федерација, Лимасол е домаќин на игрите четири години по ред.

(Разни извори – 19/03/08 - 26/03/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading