Романија вети „безрезервна“ поддршка за кандидатурата на Турција за пристап во ЕУ

04/03/2008

Турскиот претседател Абдула Ѓул во понеделникот беше во Букурешт, на разговори со својот романски колега, Трајан Башеску. Исто така оваа недела: специјалниот претставник на ОН во Кипар се состана со водачите на поделениот остров.
photo

Турскиот претседател Абдула Ѓул (лево) во понеделникот (3-ти март) во Букурешт се состана со својот романски колега, Трајан Башеску. [Getty Images]

Романскиот претседател Трајан Башеску ја изрази „безрезервната“ поддршка на својата земја за кандидатурата на Tурција за пристап во ЕУ, за време на прес-конференцијата во понеделникот (3-ти март) со неговиот турски колега во посета на земјата, Абдула Ѓул. Башеску рече дека Букурешт ќе го искористи своето искуство во работите на ЕУ за да й помогне на Турција. Двајцата водачи потпишаа серија договори за соработка во енергијата и транспортот и разговараа за проектот за гасоводот Набуко.

***

Специјалниот претставник на ОН во Кипар, Mајкл Молер, во понеделникот (3-ти март) се состана со новоизбраниот претседател Димитрис Христофиас. Претходно Молер оствари разговори со водачот на турската заедница на поделениот остров, Мехмет Али Талат. Претставникот рече дека разговорите за повторно обединување на островот, најверојатно, ќе продолжат во текот на втората половина од март.

***

Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, поранешен посредник на ЕУ во балканските конфликти во 1990-тите, се состана со својот романски колега, Адријан Чиориану, во петокот (29-ти февруари) во Букурешт. Тие разговараа за ситуацијата на Западен Балкан, по косовското прогласување независност. Билт ја повика Србија да избегнува самоизолација, со оглед на тоа што реагира на признавањето на косовската независност од страна на европските земји.

***

Поврзани написи

Loading

Унгарскиот премиер Ференц Ѓурчани во вторникот (26-ти февруари) во Букурешт се состана со својот македонски колега, Никола Груевски. Ѓурчани рече дека неговата земја ја поддржува кандидатурата на Македониај за влез во НАТО и нејзините аспирации за отпочнување разговори за членство во ЕУ.

***

Aлбанскиот министер за надворешни работи, Лулзим Баша, во Анкара се состана со својот турски колега, Али Бабаџан, на разговори околу регионалните прашања, вклучително и косовското прогласување независност. На заедничката прес-конференција во вторникот (26-ти февруари) Бабаџан вети поддршка од Турција за кандидатурите за влез во НАТО на Албанија, Хрватска и Македонија.

(Разни извори – 26/02/08-04/03/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар