Дипломатски дневник: Регионалните претставници присуствуваа на конференцијата на НАТО во Скопје

19/02/2008

Претставници на Парламентарниот комитет на НАТО од регионот присуствуваа на конференцијата во Скопје. Исто така оваа недела: македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, се состана со својот луксембуршки колега, Жан Аселборн.
photo

Maкедонскиот премиер Никола Груевски говореше на конференцијата. [Toмислав Георгиев]

Тридневната конференција насловена како „НАТО -- Букурешт и потоа“ започна во понеделникот (8-ми февруари) во Скопје. На семинарот присуствуваат претставници на парламентарниот комитет на НАТО од земјите во регионот и пошироко. Истиот се очекува да се фокусира на улогата на Алијансата во новата глобална безбедносна сцена и во Југоисточна Европа, како и улогата на парламентарните комитети за надворешни работи и одбрана во спроведувањето на целите и политиките на НАТО. Maкедонскиот премиер Никола Груевски им се обрати на учесниците во понеделникот.

***

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев и неговиот молдавски колега, Василе Тарлев, во четвртокот (14-ти февруари) се согласија во Кишинев да ги интензивираат билатералната трговија и инвестиции. Станишев беше во тридневна официјална посета на Молдавија -- прва на еден бугарски премиер откако Молдавија прогласи независност во 1990 година. Станишев, исто така, се состана со молдавскиот претседател Владимир Воронин и претседателот на парламентот, Маријан Лупу.

***

Спорот околу името помеѓу Maкедонијa и Грција и можноста прашањето да ја попречи кандидатурата на Македонија за влез во НАТО беа главните теми за кои се разговараше на состанокот помеѓу македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, и неговиот луксембуршки колега, Жан Аселборн, во четвртокот (14-ти февруари) во Луксембург. Аселборн му рече на Милошоски дека спорот околу името е билатерален и треба да се реши со помош на специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц. Аселборн истакна дека членството во НАТО е далеку поважно пд името на земјата и ги повика двете земји да го решат проблемот пред самитот на НАТО во април.

***

Претседателот на македонскиот парламент, Љубиша Георгиевски, во четвртокот (14-ти февруари) отпатува за Љубљана, каде што се состана со својот словенечни колега, Франце Чукјати. Георгиевски истакна дека Македонија, како аспирантка на ЕУ, ќе го следи пристапот на ЕУ во врска со независноста на Косово.

***

Израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак, се состана со турските официјални претставници во Анкара на 12-ти февруари, на разговори околу можностите за зајакнување на стратешката соработка помеѓу двете земји, како и ситуацијата во регионот. Барак се состана со својот турски колега, Веџди Ѓонул, министерот за надворешни работи, Али Бабаџан, и премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

***

Хрватскиот премиер Иво Санадер се состана со својот чешки колега, Мирек Тополанек, на 12-ти февруари во Прага. Тополанек ги пофали нивоата на односите помеѓу двете земји и ја потврди цврстата поддршка на неговата земја за кандидатурата на Хрватска за ЕУ.

(Разни извори 12/02/08-19/02/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading