Култура и спорт: Белград го пречека Ѓоковиќ дома

06/02/2008

Шампионот на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, доби признание во Белград. Исто така оваа недела: Стариот мост во Мостар, кој е под заштита на УНЕСКО, е загрозен.
photo

На српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во саботата (2-ри февруари) му беше оддадено признание во Белград. [Toмислав Георгиев]

Околу 10.000 луѓе се собраа пред собранието на град Белград во саботата (2-ри февруари) за да му посакаат добредојде на Новак Ѓоковиќ дома, по неговата победа на Австралија опен. Дваесетгодишниот Србин го порази Французинот Жо-Волфред Цонга во финалето, носејќи й ја на Србијa нејзината прва гренд слем титула.

***

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговинa (БиХ) загуби од Јапонија со 3:0 на тренинг натпреварот на Националниот стадион во Токио, како дел од подготовките за квалификациите за Светскиот куп следниот месец.

***

Пукнатина се појави на Стариот мост во Мостар, една од реликвиите на Листата на светското наследство на УНЕСКО, објави шефот на Комисијата за зачувување на националните споменици на Босна и Херцеговина (БиХ), Амра Хаџимухамедовиќ. Претходно, УНЕСКО ги предупреди властите во БиХ дека треба да прекинат со изградбата на хотел во близина на мостот, но БиХ послуша дури откако УНЕСКО се закани дека ќе го тргне мостот од својата листа.

***

Грчкиот министер за образование, Еврипидис Стилианидис, во петокот (1-ви февруари) ја отвори првата изложба на детски и тинејџерски книги во Атина. Под мотото „Читањето е право на секое дете“, изложбата ќе трае до понеделник и е во организација на Националниот центар на книгата и Министерството за култура.

***

Поврзани написи

Loading

Втората по ред изложба Светски прес-фотографии беше отворена во петокот (1-ви февруари) во Националната уметничка галерија во Tиранa. Истата ги прикажува важните настани во 2007 година, низ очите на најдобрите фото-новинари.

***

Карневалот Шкодра 2008 започна во саботата (2-ри февруари) и вклучува коњски трки и трки на мотори, како и најразлични традиционални јадења. Карневалот претставува локален празник, што се одбележува главно во градот Шкодра, но неговите организатори планираат да ја прошират и во останатите делови на Aлбанијa.

(Разни извори – 30/01/02-06/02/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар