Дипломатски дневник: Словенија ги поддржа аспирациите на Македонија за влез во ЕУ

05/02/2008

Словенечкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел, минатата недела беше во Скопје. Исто така во дипломатските вести: Романија и Франција потпишаа договор за стратешко партнерство.
photo

Словенечкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел (лево), и неговиот македински колега, Антонио Милошоски, во петокот (1-ви февруари) одржаа прес-конференција во Скопје. [Getty Images]

Словенечкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел, ја потврди поддршката на неговата земја за евроатланската интеграција на Maкедонија, за време на посетата на Скопје во петокот (1-ви февруари). Рупел, чија земја претседава со ЕУ, се состана со својот македонски колега, Антонио Милошоски, и рече дека разговорите за пристап, најверојатно, ќе започнат оваа година.

***

Романскиот претседател Трајан Башеску и францускиот претседател Николас Саркози потпишаа петгодишен договор за статешко партнерство, прв ваков документ потпишан помеѓу Франција и земјите од Источна Европа. Договорот предвидува соработка во политичката, економската и културната сфера.

***

Латвија, прва членка на ЕУ што го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) на Aлбанија со ЕУ, во понеделникот (4-ти февруари) ја потврди својата поддршка за интеграцијата на Албанија во НАТО. Амбасадорот на Латвија во НАТО, Јанис Ајхманис, се состана со албанскиот претседател Бамир Топи и премиерот Сали Бериша.

***

Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, на 14-ти февруари ќе допатува во Вашингтон, на состанок со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, објави грчкото Министерство за надворешни работи. Рајс и Бакојани се очекува да разговараат за спорот околу името помеѓу Атина и Скопје, пред самитот на НАТО во Букурешт во април.

***

Саудиска Арабија го почитува територијалниот интегритет на Кипар, рече во понеделникот (4-ти февруари) министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Сауд Ал Фаисал, за време на состанокот со неговиот кипарски колега, Ерато Козаку Маркулис, кој е во еднодневна официјална посета на Ријад. „Го поддржуваме обединетиот и федерален остров и се противиме на какво било отцепување или поделба“, рече Ал Фаисал.

***

Шефот на Комитетот за Југоисточна Европа на Европскиот парламент (ЕП), Дорис Пак, во понеделникот (4-ти февруари) и вторникот беше во Сараево. Таа присуствуваше на 10-тиот меѓупарламентарен состанок со членовите на Заедничкиот комитет за европска интеграција на парламентот на Боснa и Херцеговина.

***

Поврзани написи

Loading

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во петокот (1-ви февруари) беше во приватна посета на Tурската Република Северен Кипар и се состана со премиерот на кипарските Турци, Ферди Сабит Сојер. Целта на посетата беше поддршка на напорите предводени од ОН за повторно обединување на островот. Претседателот на Кипар, Тасос Пападопулос, рече дека овој чекор претставува „жалосен настан“ и одби да се состане со Шредер.

***

Папада Бенедикт Шеснаесетти во саботата (2-ри февруари) се состана со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и разговараше за последните настани во врска со прашањето на статусот на Косово. Папата рече дека ставот на Ватикан околу декларацијата за независност ќе зависи во голема мера од меѓународната заедница. Сепак, во изјавата објавена по состанокот тој истакнува дека состанокот не бил сигнал за одобрувањето на Ватикан на напорите на Косово за независност.

(Разни извори -- 29/01/08-05/02/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар