29/01/2008
Американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Розмари ди Карло, се состана со албанските и српските водачи во Косово. Исто така оваа недела: македонскиот претседател во посета на Катар.
![]() Американскиот заменик помошник државен секретар, Розмари ди Карло, беше во Приштина. [Getty Images] |
Американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Розмари ди Карло, во петокот (25-ти јануари) беше во Приштина. Таа се состана со албанските и српските водачи и истакна дека САД и понатаму ја поддржуваат независноста за Косово.
***
Економските односи помеѓу Maкедонијa и Катар беа главна тема на разговорите во понеделникот (28-ми јануари) помеѓу македонскиот претседател Бранко Црвенковски и катарскиот емир Хамад бин Калифа ал-Тани. Црвенковски, кој е во тридневна посета од неделата, ги истакна напорите на Македонија за привлекување странски инвестиции и рече дека даночната политика на неговата земја е најповолна во регионот.
***
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, во петокот (25-ти јануари) ја посети Словенија и се состана со претседателот Данило Турк и министерот за надворешни работи, Димитриј Рупел. Тие, помеѓу другото, разговараа и за планираното распоредување мировна мисија на ЕУ во Косовo.
***
Кипарскиот министер за надворешни работи, Ерато Козаку Маркулис, во саботата (26-ти јануари) ја заврши посетата на Либија. За време на состаноците, тој говореше за улогата на Либија во Африка, кипарското прашање и соработката помеѓу двете земји на различни медитерански инцијативи.
***
Српскиот министер за труд, Расим Љајиќ, кој е истовремено и шеф на националниот совет за соработка со Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) разговараше за соработката на МКТЈ со комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во четвртокот (24-ти јануари). Српскиот обвинител за воени злосторства, Владимир Вукчевиќ, исто така присуствуваше на разговорите.
***
Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во четвртокот (24-ти јануари) се состана со својот руски колега, Сергеј Лавров. Тие разговараа околу претседателските избори во Србија и прашањето на статусот на Косово.
***
Франција ја поддржува брзата европска интеграција на Србијa, рече во средата српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во средата (23-ти јануари), по состанокот со неговиот француски колега, Бернард Кушнер, во Париз. „Србија и целиот Западен Балкан уживаат широка, цврста и безусловна поддршка од Франција“, рече Јеремиќ на прес-конференцијата.
(Разни извори 22/01/08-29/01/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's