Наука и технологија: Грција ќе се фокусира на „зеленото“ образование

07/01/2008

Министерството за образование на Грција планира да понуди повеќе предавања од областа на екологијата во училиштата. Исто така во вестите оваа недела: Казните поврзани со животната средина во Србија ќе се зголемат скоро 20 пати и БиХ заостанува во е-банкарството.
photo

Еколошкото образование во основните и средните училишта ќе биде приоритет. [Архива]

Грчкото Министерство за образование во четвртокот (3-ти јануари) ги објави плановите за приоретизација на еколошкото образование во училиштата, во кое моментно учествуваат само 15 отсто од учениците. Во средното образование предавањата за животната средина се нудат на доброволна база по наставата, додека во основните училишта се одвојуваат по два часа неделно за оваа тема.

***

Српскиот министер за животна средина, Саша Драгин, на 28-ми декември рече дека неговото министерство подготвило нов закон кој ќе ги зголеми паричните казни за загадувачите на животната средина за скоро 20 пати. Властите тврдат дека ќе биде поевтино за индустриските претпријатија да купат опрема за прочистување и да користат еколошки технологии, отколку да ги плаќаат високите парични казни.

***

Босна и Херцеговинa (БиХ) сé уште заостанува зад своите соседи во е-банкарството, изјави шефот на босанското Биро за електронско банкарство (ЕББ), Сеадета Чериќ, на конференцијата во Сараево минатиот месец. Во моментов 16 банки се членови на ЕББ и обезбедуваат услуги од е-банкарството.

***

Поврзани написи

Loading

Околу 70 отсто од Maкедонците имаат мобилни телефони, додека 75 отсто имаат фиксни телефони, објави А1 телевизија на 28-ми декември, наведувајќи ги податоците на Државниот завод за статистика. Само 20 отсто од населението -- или 400.000 луѓе -- користат Интернет, но ова претставува драстично зголемување од 30.000 корисници во 2000 година.

***

Брдлајф Кипар, конзервативна група, во неодамнешниот извештај објави дека околу 500.000 птици-песнопојки се убиени во Кипар во 2007 година и покрај локалната забрана на оваа практика. Птиците, главно врапчиња и црвеношијки, завршуваат во локалните ресторани пржени или закиселени како специјалитет наречен „ампелопуља“.

(Разни извори – 31/12/07-07/01/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар