Бизнис: „Џонсон контролс“ отвори фабрика за автомобилски делови во Македонија

14/12/2007

Американската фабрика е отворена во близина на Скопје. Исто така во вестите оваа недела: Истанбул ќе стане иден финансиски центар и во Хрватска ќе се гради нов гасовод.
photo

Новата фабрика на „Џонсон контролс“ беше официјално отворена во Слободната економска зона Бунарџик, Македонија, во средата (12-ти декември). [Томислав Георгиев]

Американскиот производител на автомобилски делови „Џонсон контролс“ во средата (12-ти декември) отвори фабрика во Maкедонијa. Фабриката, која се наоѓа во слободната економска зона Бунарџик, во близина на Скопје, првично ќе вработи околу 150 луѓе и ќе произведува автомобилски делови што се продаваат на германскиот и францускиот пазар.

***

Истанбул ќе стане меѓународен финансиски центар, со планирани инвестиции од 2 милијарди американски долари во следните три години, изјави во вторникот (11-ти декември) шефот на Управниот одбор на Турското банкарско здружение, Ерсин Озинче. Инвестицијата е прва фаза на програмата што се спроведува со поддршка на турските банки и во соработка со ММФ.

***

Инвеститорите ставија повеќе од 1,5 милијарди евра во налози за вложување, како дел од Првичната јавна понуда (ИПО) на романскиот Tрансгас медиас, според податоците објавени во понеделникот (10-ти декември). ИПО стана најголемиот влог во историјата на Букурешката берза со понуда 23,5 пати поголема од првичната вредност на влогот.

***

ЕБРД во понеделникот (10-ти декември) објави дека ќе додели заем од 4 милиони евра за косовската невладина Програма за претријатија, за финансирање на микро, малите и средните претпријатија. Проектот ќе им помогне на локалните претприемачи да финансираат нови или да ги прошират постојните бизниси.

***

Хрватскиот оператор на гасоводот Јанаф има намера да инвестира вкупно 15 милиони евра во новиот гасовод во 2009 година, што ќе го заобиколи сегашниот гасовод во близина на Крчки Мост. Проектот предизвика голема загриженост за безбедноста и животната средина.

***

Поврзани написи

Loading

ЕБРД ги објави своите планови за инвестирање на повеќе од 20 милиони евра во 2008 година во албанските енергетски и инфраструктурни проекти и приватниот сектор. Банката ќе финансира нов фонд за енергетска ефикасност со цел ограничување на загубата во електродострибуциониот систем.

***

Српскиот aвиопревозник „Џет ервејс“ и црногорскиот „Монтенегро ервејс“ се согласија да соработуваат според договорот Отворено небо. Договорот им овозможува на сите авиокомпании на ЕУ да сообраќаат неограничено до сите аеродроми во ЕУ, сé додека летовите се објавувани предвреме.

(Разни извори – 07/12/07-14/12/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар