Наука и технологија: Медитеранската храна го спречува ракот, велат експертите

10/12/2007

Грчките експерти открија дека медитеранската храна го спречува ракот. Исто така во вестите: Скопскиот државен универзитет отвори оддел во Дубаи, и Албанија и Италија потпишаа договор за соработка.
photo

[Getty Images]

Грчките eксперти открија дека медитеранската храна е една од причините што ракот на простата помеѓу монасите во манастирот Света Гора на планината Атос го Грција е за 4,5 пати поредок отколку светскиот просек. Исхраната на монасите се состои од маслиново масло и мало консумирање животинска храна, а големо консумирање риба, зеленчук и овошје.

***

Скопскиот државен универзитет Св.Кирил и Методиј го отвори својот прв оддел во странство. Одделот започна со работа на 1-ви декември во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

***

***

Албанскиот министер за образование, Генц Поло, и италијанскиот амбасадор во Тирана, Саба Делиа, ја потпишаа третата билатерална извршна програма за научна и технолошка соработка во понеделникот (3-ти декември). Според програмата, Италија ќе обезбеди 400 милиони евра за научно-истражувачки проекти и за активностите во Албанија.

***

Академик Георги Старделов (77) е избран за нов претседател на Maкедонската академија на науките и уметностите во понеделникот (3-ти декември). Старделов е осмиот претседател на академијата и ќе го замени Цветан Грозданов.

***

Поврзани написи

Loading

УСАИД и норвешката влада во четвртокот (6-ти декември) објавија дека ќе ја финансираат тригодишната програма за зголемување на користењето на информатичко-комуникациските технологии во малите и средните претпријатија во Босна и Херцеговинa. Вкупните финансии за проектит ќе бидат 3,4 милиони евра и главно ќе бидат насочени за претпријатијата од земјоделскиот, шумарскиот и туристичкиот сектор.

***

Бројот на корисниците на Интернетот во Босна и Херцеговинa (БиХ) се зголеми од 21 отсто во 2006 година на 29 отсто во 2007 година, според истражувањето на ГфК БиХ, објавено на 30-ти ноември. Бројот на домаќинствата што се поврзани на Интернет, исто така, се зголеми на 23 отсто, од 14 отсто пред една година.

(Разни извори – 03/12/07-10/12/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар