03/12/2007
Црна Гора и Хрватска водат во регионалното користење на Интернетот. Исто така во вестита оваа недела: саем на телекомуникациите започна во Тирана и Интел отвори канцеларии во Белград.
![]() Просечното ниво на Интернет пристап во европските земји е околу 41,7 отсто. [Архива] |
Околу 40 отсто од Црногорците користат Интернет, објави веб-страницата Интернет ворлд во вторникот (27-ми ноември). Веб-страницата објави дека еден од тројца Хрвати користат Интернет, во споредба со еден од пет во Босна и Херцеговина. Во Aлбанијa, 15,3 отсто имаат Интернет пристап, додека во Србијa 13,9 отсто користат Интернет.
***
Владата на Maкедонијa во неделата (25-ти ноември) објави дека ќе додели 500 стипендии за 125 најдобри студенти по информатика во земјата во текот на следните четири години. Стипендиите се дел од проектот „Македонија, земја на информатичари“.
***
Четиринаесеттиот Меѓународен саем „Клик експоклик“ беше отворен во понеделникот (26-ти ноември) во Tиранa. На еднонеделната изложба ќе биде прикажан најновиот телекомуникациски развој на повеќе од 800 албански и странски претпријатија.
***
Владата на <b>Федерацијата на Босна и Херцеговина</b> (ФБиХ) доби 35.000 евра за поддршка на 11 иновациски проекти оваа година, објави во вторникот (27-ми ноември) Министерството за економија на ФБиХ. Владата планира да ја зголеми поддршката за иновациите во 2008 година.
***
Научници од Tурција, САД и Јапонија развија нов метод за генерирање радијација од терахерци домен со помош на високотемпературни суперкондуктори. Методот на генерирање Т-бранови, предложен од научниците, се заснова на Џозефсониот ефект.
***
Хрватскa е една од деветте земји во светот што произведува вакцини за борба против грипот. Производството е во тек во Загребскиот имунолошки центар, кој ќе подготви 80 отсто од вакцините против грип во земјата оваа недела.
***
Водечкиот светски производител на чипови Интел отвори регионални канцеларии во <b>Белград</b>, во вторникот (27-ми ноември). Новата канцеларија ќе ги води активностите на претпријатието во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Aлбанијa.
(Разни извори – 26/11/07-03/12/07)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's