12/11/2007
Значајни откритија се пронајдени на локалитет во провинцијата Битлиш. Исто така оваа недела: според еден нов извештај, скоро 80 отсто од софтверот на српскиот пазар е нелегален.
![]() Значајчи археолошки откритија се откопани во источната анатолска провинција Битлиш оваа година. [AФП] |
Група турски археолози ќе продолжи со ископувањата во источната анатолска провинција Битлиш, изјави во вторникот (6-ти ноември) водачот на тимот Кадир Пекташ. Значајни археолошки откритија се откопани на локалитетот оваа година, вклучително и голем број монети, керамички предмети и тутунски кадрици.
***
Извештајот на Бизнис софтвер алијанс (БСА) од вторникот (6-ти ноември) покажа дека 78 отсто од целиот софтвер на српскиот пазар е нелегален. Според БСА, здружение за борба против компјутерското пиратство, Србија има највисока стапка на пиратство во Централна и Источна Европа. Само 41,8 отсто од компјутерските дистрибутери нудат оригинален софтвер, додека 57 отсто не ги информираат купувачите за можните законски казни.
***
Десеттиот меѓународен саем за органска храна, Еко фестивал 2007, се одржа во Aтина од четвртокот (8-ми ноември) до неделата. Учествуваа повеќе од 170 еколошки организации и претпријатија, вклучително и фирми што работат на обновливи енергетски избори.
***
Еколошкиот проект за собирање пластичен отпад се одржа во четвртокот (8-ми ноември) во Гостивар, Maкедонија. Проектот беше спроведен со поддршка на УСАИД и имаше за цел подигање на свеста за важноста на рециклирањето на пластичниот отпад.
***
Maкедонската Aкадемија на науките и уметностите во четвртокот (8-ми ноември) ја прослави 40-годишнината од формирањето. Јубилејните настани вклучуваа 200 научни состаноци и проекти за билатерална соработка, со повеќе од 25 национални академии.
***
Мајкрософт Босна и Херцеговинa (БиХ) во четвртокот (8-ми ноември) објави дека отвора нов кол центар во земјата, со поефикасна и побрза техничка поддршка за клиентите на сите три јазици во БиХ. Мајкрософт БиХ, исто така, објави дека локалната верзија на своите најнови производи, „Виндоус виста“ и „Офис 2007“ ќе биде на располагање до крајот на годинава.
***
Триесетивтората изложба на иновации, Инова, беше отворена во средата (7-ми ноември) во Загреб. На настанот учествуваат најуспешните хрватски иноватори од 1971 година досега. Изложбата ќе биде придружена со мултимедијален саем насловен како „Воспевање на прв поглед“.
(Разни извори – 05/11/07-12/11/07)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's