13/07/2007
Централните банки на Кипар и шест балкански земји потпишаа договор за соработка. Исто така оваа недела: ММФ го одобри доделувањето финансиски средства за Албанија, и Бугарија бележи пад во индустрискиот раст.
![]() „Рамката ќе ја подобри соработката и ќе им овозможи на регулаторните власти [во регионот] поефикасно да се справуваат со банкарските институции што стануваат сé покомплексни“, рече гувернерот на Банката на Грција. [Банка на Грција] |
Централните банки на Aлбанија, Бугаријa, Кипар, Грција, Македонија, Романија и Србијa потпишаа меморандум за соработка за време на состанокот на претставниците на банките, во саботата (7-ми јули) во Атина. Договорот предвидува размена на информации во борбата против перењето пари.
***
Најголемиот телеком оператор во Федерацијата на Босна и Херцеговина (БиХ), БиХ Телеком, потпиша договор вреден 3,8 милиони евра во неделата (8-ми јули) со хрватскиот телеком провајдер „Ериксон Никола Тесла“. Хрватската фирма ќе обезбеди 50 нови базни станици за БиХ Телеком.
***
Косовското Министерство за индустрија и трговија предложи измена на фискалниот законик со цел промовирање на растот и подобрување на бизнис климата. Истиот предвидува намалување на данокот на профит од 20 на 10 отсто и одредување на данокот на сите месечни приходи од над 80 евра, на 10 отсто. Месечниот приход кој е помал од 80 евра ќе биде изземен од оданочување.
***
Одборот на ММФ го заврши третиот преглед на перформансата на Aлбанија од аранжманите на Програмата за намалување на сиромаштијата и растеж и Програмата за продолжено финансирање. Фондот го одобри префрлањето на траншата од 2,7 милиони евра за земјата.
***
Индустрискиот раст на Бугарија се забави од 11,7 отсто за период од една година во април на 6,9 отсто за период од една година во мај, според Националниот институт за статистика. Намалувањето се припишува главно на рударскиот сектор, каде што производството падна за 9,7 отсто за период од една година.
***
Меѓународната агенција за рангирање „Стандард енд пур“ го потврди долгорочниот долг на Хрватска за странската валута на БББ/А-3 и нејзиниот долг за домашната валута на БББ+/А-2, со стабилни изгледи. Агенцијата ги наведе здравата фискална перформанса, структурните реформи и измените направени во согласност со барањата за интеграција во ЕУ.
(Разни извори – 06/07/07-13/07/07)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's