02/07/2007
Хрватски научник и неговиот тим направија чекор напред во развојот на медицината против ракот. Исто така во вестите од науката и технологијата оваа недела: во Бугарија се одржа меѓународна конференција за е-здравство.
![]() Хрватскиот научник Иван Ѓикиќ. [AФП] |
Хрватскиот научник кој живее во Германија, Иван Ѓикиќ, и неговиот тим научници открија одбранбена реакција на човековите клетки против бактерии во истражувањата на ракот, објави хрватската телевизија ХРТ. До ова откритие Ѓикиќ и неговиот тим дојдоа проучувајќи го однесувањето на протеините во човековите ќелии и нивните реакции на хроничните инфекции.
***
Осмата меѓународна конференција „Комјутерско учење во науката“ започна на Технолошко-образовниот институт во Крит, Грција, во саботата (30-ти јуни) и ќе трае до петок. Учесниците ќе разговараат за промовирање на иновативните средини за учење во научната заедница.
***
Четвртата меѓународна конференција за е-здравство -- „Спроведување на стандардите во е-здравството“ -- се одржа во Софија во вторникот (26-ти јуни). Форумот го организираше бугарската фондација „Е-здравство“, Министерството за здравство, Министерството за државна администрација и Државната агенција за ИТ и комуникации. Настанот привлече експерти од Австрија, Бугаријa, Германија, Грција, Романија и Tурција.
***
„Мајкрософт“ Хрватскa и Здружението за промовирање на ИТ Образованието ќе организираат бесплатни курсеви за обука за невработените во пет хрватски земји во јули. Курсевите ќе се одржат како дел од проектот насловен „Нов ден за вработувањето“ и ќе бидат реализирани заедно со Хрватското биро за вработување.
***
Романската Национална штедилница (ЦЕЦ) потпиша договор со „Асцента“ -- локален провајдер на ИТ консалтинг и софтверски решенија -- во врска со аутсорсингот на односите со клиентите и службите за ИТ помош. ЦЕЦ и „Асцента“ постигнаа согласност и околу соработката во телемаркетингот и е-мејл услугите.
***
Српскиот Институт за математика на Aкадемија на науките и уметностите (САНУ) и ИБМ Србија потпишаа петгодишен договор за соработка минатата недела. Според договорот, САНУ ќе може да ги спроведе ИТ образовните програми, врз основа на методологиите, производите и решенијата на ИБМ.
***
Шест центри за хендикепирани деца во Maкедонијa добија компјутери и бесплатен Интернет пристап во рамките на проектот на Интернет провајдерот On.net и невладината организација „Отворени прозорци“. Проектот е дел од Европската стратегија за е-вклучување, чија цел е зајакнување на улогата на Информатичко-комуникациската технологија во обезбедувањето помош и подобрувањето на секојдневниот живот на хендикепираните.
Разни извори – 25/06/07-02/07/07)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's