16/04/2007
Хрватска ги испитува можностите за користење на обновливите извори на енергија. Исто така во вестите од науката: експерти од 40 земји се собраа во Истанбул на разговори во врска со влијанието на глобалното затоплување.
![]() Парк за производство на електрична енергија од силата на ветровите се планира да биде изграден во Сплит, Хрватска. [Getty Images] |
Првата турбина за генерирање енергија од ветровите наскоро ќе биде поставена во Сплитско-далматинската жупанија, во Хрватска, што ќе овозможи производство на електрична енергија од обновливи извори. Тоа е дел од една поголема иницијатива за изградба на парк за производство на струја од силата на ветровите во Сплит. Струјата произведена од овој комплекс се очекува да ја покрива годишната потрошувачка на околу 8.000 домаќинства во регионот.
***
Регионална конференција за информатичка и комуникациска технологија ќе се одржи во Софија помеѓу 26-ти и 27-ми април. Настанот го организира Европската комисија и бугарската државна агенција за ИТ и комуникации.
***
Современа микробиолошка опрема вредна 500.000 евра беше инсталирана и ставена во употреба во Институтот за јавно здравство во Подгорицa. Според шефот на институцијата, Бобан Мугоша, користењето на современа технологија ќе овозможи прецизна и брза дијагноза на ХИВ, хепатитис Б и Ц и други болести.
***
Третата меѓународна кардиолошка работилница се одржа помеѓу 11-ти и 14-ти април во Белград, со учество на 400 кардиолози од целиот свет. Паралелно со овој настан, светски познатите експерти како што се Антонио Коломбо од Италија и Карло ди Марио од Велика Британија изведоа операции во локалните болници, врз 40 пациенти.
***
Принцот Алберт Втори од Монако го отвори 38-миот Конгрес на медитеранската научна комисија, на 9-ти април во Истанбул. Повеќе од 1.000 научници од 40 земји учествуваа на конгресот, кој се фокусираше на влијанието на глобалното затоплување врз морињата во светот. Помеѓу конкретните теми беа: климатските промени, загадувањето на морињата, цунамите, рибарската индустрија, поморскиот транспорт и користењето на турските теснеци.
***
Околу 45 отсто од корисниците на интернет во Tурција ја користат мрежата преку интернет кафеа, според Јусуф Андич, претседател на Здружението на интернет кафеа. Тој рече дека бројот на интернет корисниците во земјата достигна 15 милиони, додека интернет провајдерите објавуваат 3,2 милиони домашни корисници. Во земјата постојат околу 18.000 интернет кафеа.
(Разни извори – 09/04/07-16/04/07)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's