Култура и спорт: Балкански режисер го заврши снимањето на документарецот за Марадона

21/03/2007

Новиот документарен филм на режисерот Емир Кустурица за големиот аргентински фудбалер Диего Марадона ја чека својата премиера. Исто така оваа недела: косовско-албанскиот боксер победи на Интерконтиненталниот шампионат.

photo

Диего Марадона и Емир Кустурица на Канскиот филмски фестивал. [Getty Images]

Познатиот балкански режисер Емир Кустурица вели дека го завршил снимањето на новиот документарен филм за аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона. Филмот, насловен како „Сетете се на Фиорито“, беше снимен на неколку локации во Буенос Аирес, Дубаи, Србија и Италија.

***

Над 300 музичари од 45 земји ќе учествуваат на 14-тиот ЕУРОПАфест, кој ќе се одржи во Букурешт помеѓу 7-ми и 13-ти мај. Истиот вклучува џез и виолински натпревари, како и концерти. Џез-форумот ќе биде прв меѓународен настан од ваков вид во Романија.

***

Десеттиот Скопски филмски фестивал беше отворен на 17-ти март во мaкедонскиот главен град со премиерата на „Марија Антоанета“ на Софија Копола. Повеќе од 100 филмови, документарни и цртани филмови ќе бидат прикажани, при што 16 од нив се натпреваруваат во главната програма. Ќе се одржат три мини форуми, насловени како Нов американски независен филм, Анима-фест и Франкофонски поглед.

***

„Делириум за двајца“, во продукција на македонскиот театар „Центар“ го освои гран прито на шестиот Меѓународен театарски фестивал во Славија во Белград. Преставата, во режија на Дејан Пројковски, ја имаше својата премиера на странска сцена само три месеци по премиерата дома. Театри од Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Романија, Русија и Србија учествуваа на фестивалот, кој вклучуваше и презентации на портрети на актери, изложби и концерти.

***

Боксерот Луан Красниќи, кој е роден во Косовo, а сега живее во Германија, победи на Интерконтиненталниот шампионат во тешка категорија во Штутгарт. Тој го победи Брајан Минто од САД.

***

Поврзани написи

Loading

Изложбата насловена како „Авангардните тенденции во хрватската уметност“ беше отворена во галеријата „Кловичеви двори“ во Загреб на 16-ти март, по повод одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на институцијата. На изложбата се претставени авангардни слики, архитектура, дизајн, фотографија, литература, театар и кинематографија. Истата ќе трае до 6-ти мај.

***

Во музејот Лувр во Париз во тек е изложбата посветена на работата на грчкиот скулптор од четиринаесеттиот век п.н.е Праксителес. Истата беше официјално отворена на 19-ти март, за време на посетата на грчкиот министер за култура, Јоргос Вулгаракис, на францускиот главен град. Изложбата ќе трае до 6-ти јуни.

(Разни извори – 14/03/07-21/03/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар