12/02/2007
Околу 20.000 лаптоп компјутери ќе бидат дистрибуирани за учениците во основното и средното образование. Исто така оваа недела: романските научници планираат мисија во Африка и Албанија ќе биде домаќин на конференција за таласемијата.
![]() [Getty Images] |
Грчкото Министерство за образование објави дека ќе распише тендери во следните месеци за обезбедување персонални компјутери за училиштата. Министерството планира да дистрибуира 20.000 лаптоп компјутери за учениците во шесто одделение од основното образование и во втора година од средното училиште.
***
Хрватското претпријатие за елекрична енергија ХЕП го обелодени новото бизнис средство кое се движи на биодизел. Целта е да се помогне во намалувањето на емисијата на јаглероден диоксид од термоцентралите ХЕП и да се зголеми производството на обновливите извори на енергија.
***
Фирмата за истражување ИДЦ го рангираше романскиот софтвер развивач „Бит дифендер“ како продавач на антивирус софтвер со најбрз раст во светот. Според фирмата, приходите од антивирус софтверот во светот на „Бит дифендер“ пораснале за 123,7 отсто помеѓу 2004 и 2005 година -- стапка која е побрза од кој било друг продавач на светскиот пазар. Заедничкиот раст на антивирус приходите на претпријатието во светот помеѓу 2004 и 2005 година, е на врвот на листата со 73 отсто.
***
Романското Друштво за океанографско испитување и заштита на поморската средина ќе ја започне првата романска научна експедиција за поминување на Африка од север до југ, од ноември до април 2008 година. Мисијата, дел од една поширока програма наречена „Трансафрика“, има за цел проучување на влијанието на климатските промени врз биодиверзитетот.
***
Tурција ќе отпочне проект „Убава наука“ на 19-ти февруари, со цел откривање на млади таленти помеѓу истражувачите, инженерите и научниците. Натпреварот ќе се пренесува во живо на турската телевизија „Канал Д“.
***
Aлбански и надворешни специјалисти се собраа во Тирана на 1-ви февруари, на конференцијата за лечењето и спречувањето на таласемијата. Дискусиите се дел од владината стратегија во три чекори за борба против оваа болест.
***
Научници и експерти од Хрватскa, Италија и Црна Гора присуствуваа на регионалната конференција „Технологиите во животната средина“, која се одржа од 6-ти до 8-ми февруари во Милочер. Настанот, кој го организираа црногорската и хрватската влада, се одржа во рамките на „Ера-нет“ на Југоисточна Европа, мрежен проект чија цел е поврзување на истражувачките активности во рамките на постојните национални, билатерални и регионални програми.
***
ХЕРМЕС Софтлаб, словенечки провајдер на ИТ решенија и софтверски инженеринг објави дека го отвора своето второ преставништво, кое ќе биде лоцирано во Бања Лука, Босна и Херцеговинa. Овој потег е во согласност со плановите на претпријатието за проширување во Јадранскиот регион.
***
Бугарската фирма „Фадата“, која обезбедува софтвер и решенија за осигурувањето, планира да отвори регионален центар за поддршка на клиентите во Софија. Центарот се очекува да создаде 100 до 120 нови работни места. Соопштението на центарот се совпаѓа со воведувањето на производот на „Фадата“ за систем на интегрирано информатичко осигурување на српскиот пазар.
(Разни извори -- 05/02/07-12/02/07)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's