27/11/2006
Фондацијата „Гејтс“, формирана од претседателот на Мајкрософт, Бил Гејтс, планира да донесе бесплатен компјутерски и Интернет пристап во библиотеките во Романија. Исто така во вестите од науката и технологијата оваа недела: хрватска научничка и нејзините колеги го пресметуваат клучниот датум во човековата еволуција.
![]() Романските библиотеки ќе бидат компјутеризирани со проектот спонзориран од фондацијата „Гејтс“. [Светска банка] |
Фондацијата „Гејтс“ ги објави плановите за компјутеризација на јавните библиотеки во Романијa, со што ќе биде обезбеден бесплатен пристап до комјутерите и Интернетот за сите Романци. Министерството за култура на земјата оствари разговори со фондацијата и претстави мапа на романскиот библиотечен систем, во подготовка за физибилити студија. Проектот е дел од иницијативата на фондацијата „Светски библиотеки“.
***
Хрватската научничка Маја Пауновиќ и нејзините германски и американски колеги го пресметаа датумот кога Неандерталците еволуирале во современи човечки суштества. Пресметките се пресвртница во напорите да се декодира целокупниот геном на Неандерталците, исчезнати хоминиди чие постоење беше откриено пред 150 години, по пронаоѓањето на фосилот во германски каменолом. Пауновиќ е дел од тимот што го предводи Сванте Паабо на Институтот за еволутивна антропологија „Макс Планк“ во Лајпциг, Германија. Споредувајќи ја ДНКА на човекот, Неандерталците и шимпанзата, тимот откри дека дивергенцијата се случила пред околу 516.000 години.
***
Од 18-ти до 21-ви ноември во Институтот за биологија во Котор, Црна Гoра, се одржа регионален научен собир за заштита на Јадранското Море и неговите природни ресурси. На состанокот присуствуваа експерти од Албанија, Италија и Црна Гора. Конкретните предлози ќе бидат разгледани на состанокот следната година во Терамо, Италија.
***
Српската Aкадемија на науките и уметностите (САНУ) ја прослави својата 165-та годишнина на 19-ти ноември. На официјалната церемонија, министерот за наука и заштита на животната средина, Александар Поповиќ, рече дека САНУ е клучна српска институција и дека издвојувањето на доволно буџетски средства за науката и истражувањето, се владин приоритет. САНУ прими 13 нови членови, со што бројот на академиците се зголеми на 151.
***
УНИЦЕФ и јапонската влада организираа меѓународен семинар во Tиранa за птичјиот грип, фокусирајќи се на комуникациите за време на здравствени вонредни состојби и соодветните мерки за минимизирање на избувнувањето на пандемии. Кари Оер, претставник на УНИЦЕФ во Албанија, рече дека настанот -- кој се одржа на 20-ти ноември -- беше прв од шесте вакви семинари што ќе се одржат во Централна и Источна Европа.
***
Бугарското Министерство за образование ќе обезбеди 437 милиони евра од структурните фондови на ЕУ за образование и наука во периодот 2007-2013 година. Министерството ќе организира информациски денови во 15 градови, каде што ќе ги претстави финансиските можности од програмата, насловена како „Развој на човековите ресурси“. Училиштата, универзитетите, општините и невладините организации ќе можат да аплицираат за финансиите. Проектот се очекува да се фокусира на воведувањето нов ИТ за зголемување на квалитетот и пристапноста на образованието.
(Разни извори 20/11/06 - 27/11/06)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's