31/10/2006
Меглена Кунева ќе стане првиот бугарски член на Европската комисија. Исто така во вестите од дипломатијата: американскиот претставник Френк Виснер го посети Косово, а хрватскиот претседател Стипе Месиќ отвори конзулат во Битола, Македонија.
![]() Меглена Кунева [Getty Images] |
Бугарскиот министер за европски работи, Меглена Кунева, беше избрана да ја претставува Бугарија во Европската комисија (ЕК). За време на состаноците во Брисел со претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, и други официјални претставници, од Кунева беше побарано да го преземе новиот портфељ на Комисијата за заштита на потрошувачите. Европскиот парламент, најверојатно, ќе гласа за Кунева без какви било проблеми, на крајот од следниот месец.
***
Романијa го повлече својот прв кандидат за европски комесар, Варујан Восгаријан, откако ЕУ искажа загриженост во врска со неговите наводни врски со Секуритате, од времето на Чаушеску. Восгаријан ги негираше обвинувањата. Вториот избор, Леонард Орбан, беше избран експедитивно и беше назначен за комесар за мултилингвализам.
***
Американската амбасада во Сараевo донираше повеќе од 90.000 американски долари во петокот за реставрацијата на џамијата Ферхадија во Бања Лука, која беше уништена за време на босанскиот конфликт и српската црква Св.Никола во Требиње. Парите беа обезбедени од Фондот за културна заштита на американскиот амбасадор.
***
Френк Виснер, американскиот специјален претставник за разговорите во врска со статусот на Косовo, ја посети Приштина, на разговори со водачите на косовските Албанци. Тој рече дека решението за Косово е „близу“ и дека референдумот за уставот во Србија нема да има влијание врз процесот предводен од ОН.
***
Хрватскиот претседател Стипе Месиќ беше во тридневна посета на Македонија. Тој оствари разговори со својот колега, Бранко Црвенковски, и официјално го отвори хрватскиот конзулат во Битола. Месиќ во Скопје имаше и неформален состанок со косовскиот премиер Агим Чеку.
***
Maкедонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски, се состана со својот германски колега, Франц Јосеф Јунг, во Берлин. Јунг изрази поддршка за кандидатурата на Македонија за влез во НАТО и ЕУ. Министрите, исто така, разговараа за тековните реформи во одбраната и учеството во Меѓународните сили за помош во безбедноста во Авганистан.
(Разни извори – 15/10/06-31/10/06)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's