24/10/2006
Компромисниот предлог на Финска беше предмет на расправа минатата недела. Исто така, во вестите од дипломатијата: мандатот на претставникот на ОН, Марти Ахтисари, продолжен од технички причини, и Советот на ЕУ го одобри закажаниот пристап на Бугарија и Романија.
![]() Турскиот министер за надворешни работи, Абдула Ѓул. [Getty Images] |
Tурција и ЕУ имаа разговори за финскиот предлог за ставање крај на ќор-сокакот во врска со дозволата за пристап на кипарските бродови и авиони во турските пристаништа и аеродроми. Предлогот, наводно, повикува на делумен пристап до турските пристаништа во замена за отворање на кипарското пристаниште Фамагуста, кое не се користи откако Турција го окупираше северен Кипар во 1974 година.
***
Романскиот претседател Трајан Башеску беше во официјална посета на Индија. Тој му рече на својот индиски колега, АПЛ Абдул Калам, дека Букурешт гледа во Индија свој приоритет во надворешната политика.
***
Мандатот на специјалниот претставник на ОН, Марти Ахтисари, беше продолжен до јуни 2007 година. Сепак, портпаролот на ОН рече дека продолжувањето е од технички карактер и не посочи дека разговорите за Косовo би можеле да се продолжат.
***
Британскиот амбасадор вo Maкедонијa, Роберт Чатертон Диксон, на прес-конференцијата за новинарите изјави дека македонската влада треба да се концентрира на спроведувањето реформи потребни за интеграцијата во ЕУ, наместо на конкретниот распоред за влез. Тој рече дека Велика Британија го поддржува проширувањето на ЕУ и дека Македонија ќе стане членка на ЕУ кога ќе ги исполни критериумите за членство.
***
Maкедонскиот премиер Никола Груевски го покани Ерхард Бусек, специјалниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, да ја советува владата за прашањата на пристапот во ЕУ. Бусек ја прифати понудата и рече дека верува оти Македонија би можела да биде следната регионална успешна приказна, по пристапот на Бугарија и Романија во ЕУ и отпочнувањето на разговорите за членство во ЕУ со Хрватска.
***
Процесот на проверка на нивото на хармонизирање на хрватските закони со оние на ЕУ, е завршен. Европската комисија сега ќе даде препораки за отпочнување на разговорите за секое поглавје. Загреб ги отвори и привремено ги затвори преговорите за едно поглавје.
***
Командантот на КФОР, генерал-полковник Роланд Катер, се состана со началникот на црногорската армија, генерал-полковник Јован Лакичевиќ, во Подгорица, на разговори околу прашањата на билатералната соработка. Ова беше прв ваков состанок откако Подгорица прогласи независност во мај.
***
Советот на ЕУ го одобри закажаниот пристап на Бугарија и Романијa, како што беше препорачано во последниот извештај на Европската комисија (ЕК). Министрите за надворешни работи на блокот, исто така, искажаа поддршка за плановите за следење на нивните остварувања во областите како што се судските реформи и борбата против криминалот и корупцијата.
(Разни извори – 18/10/06-24/10/06)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's