18/10/2006
Холивудската дива беше во покраината како амбасадор на добрата волја на ОН, за Развојниот фонд за жените на ОН. Исто така во вестите од културата и спортот: во Сараево започна 45-тиот фестивал МЕСС и хрватскиот тенисер Иван Љубичиќ ја брани титулата.
![]() Никол Кидман. [Getty Images] |
Никол Кидман минатиот викенд го посети Косовo како амбасадор на добрата волја за Развојниот фонд за жените (УНИФЕМ) на ОН. Таа се состана со шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, со меѓународните дипломати, локалните албански и српски водачи, и со претставниците на женските здруженија. Прославената австралиска актерка рече дека ќе обезбеди „глас“ за Косово, ако биде потребно. УНИФЕМ е вклучен во неколку проекти со цел проценка на влијанието на конфликтот во Косово во периодот 1998-1999 година врз жените.
***
Четириесетишестиот меѓународен театарски фестивал МЕСС започна во Сараевo со претставата „Фауст“ во режија на Харис Пашовиќ и во изведба на Сараевскиот национален театар. Овогодинешниот фестивал, кој се одржува истовремено во Сараево и во Зеница, вклучува 20 претстави на трупи од 11 европски земји. МЕСС продолжува до крајот на месецов.
***
Хрватскиот тенисер Иван Љубичиќ успешно ја одбрани својата титула на виенскиот турнир на АТП на 15-ти октомври, поразувајќи го Фернардо Гонзалес од Чиле со 6:3, 6:4, 7:5. Ова е трета негова АТП титула оваа сезона.
***
Четвртиот меѓународен Загребски филмски фестивал започна на 16-ти октомври во хрватскиот главен град. Десет играни филмови и 14 документарци се прикажуваат во рамките на главната натпреварувачка програма. Фестивалот во целина вклучува 80 филмски наслови од целиот свет, како и изложби на фотографии, промоции на книги и разговори на тркалезна маса.
***
Ансамблот Ладо, специјализиран за хрватски фолклорни игри и песни, ја започна петнеделната турнеја низ Јапонија. Турнејата вклучува 25 концерти во 20 јапонски градови.
***
Новата локација на Историскиот архив на музејот „Бенаки“, во домот на поранешниот дом на писателката Пенелопе Делта (1874-1941), беше официјално отворена. По тој повод беше претставена изложба за животот и делото на Делта, една од најпознатите грчки писателки.
***
Ајри Демировски, популарен народен пејач со етничко турско потекло, ќе биде прогласен за прв почесен граѓанин на Битола, Maкедонијa. Демировски, кој живее во Турција повеќе од 50 години, ќе ја добие почеста за својот придонес во македонската музичка историја, како и за доближувањето на македонската и турската култура.
***
Снимањето на новиот филм на српскиот режисер Слободан Сијан -- комедијата со наслов „СОС: Спасете ги нашите души“ -- е во тек во близина на езерото Бор во Србија. Сценариото е според театарската претстава на Милош Радовиќ со истиот наслов и го напишаа Сијан и Радовиќ. Играат: Лазар Ристовски, Неда Арнериќ, Богдан Диклиќ и Катарина Радивојевиќ.
(Разни извори – 11/10/06 - 18/10/06)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's