Култура и спорт: Романката Боитор избрана за втора придружничка на Мис на светот

04/10/2006

Седумнаесетгодишната Романка беше втора придружничка, по претставничката на Чешка, Татјана Кучарова. Исто така во вестите од културата и спортот: Бугарите однесоа дома три медали од Светското првенство во борење за сениори во Гуангжу, во Македонија се одржа филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, и во Мостар отворен нов отворен театар.

photo

Јоана Валентина Боитор (лево) го освои второто место на натпреварот за Мис на светот во Варшава. Татјана Кучарова од Чешка беше прва придружничка. [Getty Images]

Романката Јоана Валентина Боитор го освои второто место на натпреварот за Мис на светот за 2006 година, што се одржа во Варшава, Полска. Седумнаесетгодишната средношколка беше втора, по претставничката на Чешка, Татјана Кучарова. Австралијката Сабрина Хусами (20) беше трета.

***

Бугарија освои три медали -- две златни и една бронзена -- на Светското првенство во борење за сениори во Гуангжу, Кина. Станка Златева ја освои првата светска титула за Бугарија во борење за жени, победувајќи ја петтократната светска шампионка Киоко Хамагучи од Јапонија. Радослав Велков стана светски шампион во категоријата слободен стил, додека Калојан Динчен освои бронзен медал во категоријата грчко-римски стил.

***

Филмот на романскиот режисер Корнелиу Порумбиу, „12:08 Источно од Букурешт“ ја освои наградата за најдобар филм и најдобро сценарио на овогодишниот меѓународен филмски фестивал во Копенхаген. Ова е последното меѓународно признание за првиот долгометражен филм на Порумбиу, по наградите на Кан и на Трансилванискиот филмски фестивал претходно оваа година.

***

Белгискиот кинематограф, Стефан Фонтен ја освои главната награда Златна камера 300 на меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, Mакедонијa. Фонтен ја доби наградата за својата работа на филмот „Чукањето на моето срце запре“. Сребрената камера 300 ја доби филмот на Јури Клеменко „Сонување за вселената“, додека бронзата ја освои филмот на германскиот режисер Коља Бранд, „Деликвент“.

***

Шеснаесетгодишната Вивиен Лисбет Рамос Пума од Венецуела победи на натпреварот за Мис глоуб за 2006, кој се одржа во Бутринт, Aлбанијa. Шпанката Маријан Кариан Кабрера (22) беше втора, додека Албанката Силви Скендерај (17) беше трета.

***

Поврзани написи

Loading

Минатата недела официјално беше отворен нов отворен театар во Мостар, Босна и Херцеговина (БиХ). Локалниот иницијативен комитет го отпочна проектот, со финансиска помош од „Бриџис баундерис интернешнал“.

***

Изложба на најдобрите остварувања на хрватските фоторепортери од минатата година, беше отворена во галеријата Бадров во Загреб. Здружението на фоторепортери ХНД го организираше настанот.

(Разни извори – 27/09/06 - 04/10/06)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар