18/09/2006
Конференцијата во Тирана се фокусираше на зголемувањето на употребата на обновливите извори на енергија, како што се: хидрогенот, ветарот или соларната енергија. Исто така, во вестите од науката и технологијат: УНЕСКО го спонзорираше форумот за наука на Балканот, турско истражување покажа недоволен интерес кај младите за науката и Грција објави план за промовирање на широкопојасните мрежи низ целата земја.
![]() Силата на ветарот е една од алтернативните извори на енергија за кои разговараа албанските научници на неодамнешната конференција. [Getty Images] |
Aлбанските научници се собраа на конференцијата во Тирана, да ги разгледаат изгледите за користење на алтернативни извори на енергија како што се ветарот, хидрогенот, водата и биомасата. Форумот го организираше Министерството за економија, трговија и енергија и Co-PLAN Institute for Habitat development. Целта е да се подготви политика за поддршка на употребата на обновливата енегија. Учесниците се согласија дека ако земјата ефикасно ги користи своите обновливи извори на енергија, таа веќе нема да зависи од увозот на електрична енергија.
***
На 28-ми септември во Љубљана, Словенијa, беше отворена конференцијата насловена како „Зошто да се инвестира во науката во Југоисточна Европа?“. Настанот го организираше УНЕСКО и словенечката и австриската влада.
***
Истражувањето на Советот за научно и технолошко истражување на Турција (ТУБИТАК) покажа дека само тројца од десет млади Турци имаат голем интерес за науката. И покрај тоа што младите луѓе се заинтересирани да слушнат за научниот развој, тие не читаат научни натписи и не учествуваат на дискусии за научните прашања, покажа истражувањето. Резултатите се базираат на истражувањето на 1.033 испитаници на возраст помеѓу 15 и 24 години, во 47 покраини, 97 окрузи и 68 градови.
***
Вториот меѓународен симпозиум на екологистите на Црна Гора ќе се одржи во градот Котор помеѓу 20-ти и 25-ти септември. Настанот го организираше Црногорското републичко биро за животна средина, Природно-научниот музеј, Институтот за поморска биологија и Центарот за биодиверзитетот. Повеќе од 300 водечки научници и експерти по екологија од 30 земји се очекува да учествуваат на симпозиумот.
***
Грчката влада објави дека ќе спроведе програма од 450 милиони евра, за проширување на влезот на широкопојасниот Интернет до 7 отсто кај грчкото население до 2008 година. Помеѓу другите работи, програмата ќе воспостави широкопојасни и/или безжични мрежи во стотици општини, кои ќе поврзуваат скоро 4.000 јавни институции низ целата земја и ќе го зголемуваат широкопојасниот пристап во периферните области на Грција.
***
Tрите телеком оператори во Босна и Херцеговинa (БиХ) -- БХ Телеком, ХТ Мобилни комуникации Мостар и Телеком Српске -- влегоа во 100-те најуспешни претпријатија во БиХ, во рангирањето на српскиот бизнис весник Пословне новинe. Рангирањето беше спроведено врз основа на реализираниот профит и приходите од извозот. Листата, исто така, ја вклучува мостарската фабрика за алуминиум „Алуминиј“, претпријатијата за електрична енергија „Електропривреда БиХ“ и „Електропривреда РС“ и производителот на челик од Зеница, „Митал стил“.
(Разни извори – 11/09/06 – 18/09/06)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's