Дипломатски дневник: Хрватска и Србија отворија граничен премин

25/07/2006

Хрватскиот премиер Иво Санадер и српскиот премиер Воислав Коштуница во петокот отворија граничен премин. Исто така во вестите од дипломатијата: Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, се состана со српскиот претседател Борис Тадиќ и Ерхард Бусек ја посети БиХ.

photo

Српскиот премиер Воислав Коштуница (десно) и неговиот хрватски колега Иво Санадер се поздравуваат на реконструираниот граничен премин Батровци-Бајаково помеѓу Србија и Хрватска во петокот (21-ви јули). [Getty Images]

Хрватскиот премиер Иво Санадер во петокот (21-ви јули) допатува во Белград, на состаноци со српскиот премиер Воислав Коштуница и српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој рече дека билатералната соработка беше значително зголемена во текот на изминатата година и изрази уверување дека српскиот акционен план за соработка со Трибуналот на ОН за воени злосторства ќе донесе резултати. Санадер и Коштуница, исто така, го отворија модернизираниот граничен премин Батровци-Бајаково, кој беше кофинансиран од ЕУ.

***

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Ивица Рачан, и неговиот словенечки колега, Драгутин Мате, се состанаа во вторникот (18-ти јули) во Ровињ, на разговори околу билатералната соработка во врска со летната туристичка сезона. Разговорите, наводно, се фокусирале на зајакнувањето на безбедноста во туристичките места во двете земји.

***

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, и српскиот претседател Борис Тадиќ се состанаа во вторникот (18-ти јули) во Брисел. Баросо рече дека Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Србија и ЕУ може да биде потпишан до крајот на годинава, ако Белград го спроведе акциониот план со задоволителни резултати.

***

Поврзани написи

Loading

Специјалниот координатор на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, Ерхард Бусек, во средата (19-ти јули) во Сараевo се состана со главниот заменик висок претставник Лари Батлер, и со премиерот на БиХ, Аднан Терзиќ.

***

Косовскиот премиер Агим Чеку во средата (19-ти јули) пристигна во официјална дводневна посета на Словенија. Тој во четвртокот се состана со колегите Јанез Јанша, министерот за надворешни работи Димитриј Рупел, претседателот Јанез Дрновшек и претседателот на парламентот Франце Цукјати.

(Разни извори – 18/07/06-25/07/06)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар