12/07/2006
Фјужон-џез групата „Леб и сол“ од времето на Југославија, по десет години повторно се обедини и започна регионална турнеја. Исто така во вестите од културата: Хрватите и Србите го чествуваат Никола Тесла, Бразилецот Зико избран за тренер на турскиот тим „Фенербахче“ и бугарските археолози открија античка населба.
![]() Членовите на „Леб и сол“: Кокан Димушевски, Гарабет Тавитијан, Бодан Арсовски и Влатко Стефановски. [Getty Images] |
„Леб и сол“, најпознатата група во поранешна Југославија, ја започна својата регионална турнеја со концерт во Битола, Maкедонијa. Над 3.000 луѓе се собраа да ја видат изведбата на виртуозот на гитара Влатко Стефановски и другите членови на бендот - Бодан Арсовски (бас-гитара), Никола Димушевски (клавијатури) и Гаро Тавитијан (тапани) - на 25 нивни најголеми хитови. Основана во 1970-тите, групата „Леб и сол“ беше позната по своето комбинирање на рок, фјужон-џез и етничката музика. Тие имаат освоено голем број награди на музичките фестивали во 1970-тите и 1980-тите и беа постојано избирани за најдобра група на годината.
***
Стотици Хрвати и Срби ги оставија настрана разликите за да ја прослават 150-годишнината од раѓањето на светскипознатиот научник и изумител Никола Тесла, етнички Србин роден во Хрватскa. Прославата се одржа во родното село на Тесла, Смиљан, и беше одбележана со отворање на нов мултимедијален центар. Официјалните претставници велат дека Тесла го симболизира заедничкото минато на двете земји. Тој еднаш рекол дека е подеднакво горд на своето српско потекло и на својата татковина Хрватска.
***
Бразилскиот фудбалски маестро Зико ќе биде тренер на турскиот тим Фенербахче, според сооштението на менаџметот на турскиот клуб минатата недела. Зико, поранешен тренер на јапонската репрезентација, ќе го замени Германецот Кристиф Даум, кој поднесе оставка од здравствени причини.
***
Музејот Џ. Пол Гети во Лос Анџелес објави дека ќе врати два значајни артефакти во Грција - барелјеф од 6-тиот век пред.н.е. од северниот егејски остров Тасос и испишан камен од Виотиа. Атина тврди дека овие два артефакти, заедно со мермерната статус на жена и златниот македонско венец, биле нелегално изнесени од земјата.
***
Бугарските aрхеолози минатата недела објавија дека откриле античка тракиска населба од 5-тиот век пред н.е. во централната општина Карлово. Ископувањата открија градба стара 3.000 години со декориран кров со плочки која е можно да била палата на локален владетел.
***
Првата колекција куси приказни на современи албански aвтори, преведена на англиски јазик, е објавена во Велика Бриранија под наслов „Балканска убавина, балканска крв: Современи албански куси приказни“. Антологијата на 143 страници - објавена од „Нортвест јунивезити прес“ - ја состави Роберт Елси. Истата вклучува дела на 11 автори: девет од Албанија и еден од Косово и Македонија.
***
На 10-ти јули во Хрватскa беше отворен Дубровничкиот летен фестивал. Програмата вклучува над 80 театарски, балетски и оперски претстави, концерти, литературни вечери и уметнички изложби со учесници од над 20 земји.
(Разни извори – 05/07/06-12/07/06)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's